За шоуто кое вечрева на Евровизија го приредува Мадона ќе и бидат исплатени 1,3 милиони евра, што дефинитивно е најскапиот настап во евровизиската историја.

Ангажманот на Мадона го финансира милијардерот Силван Адамс. Овој 59-годишен филантоп пед три години со својата сопуга Маргарет од Канада се пресели во Израел.

Станува збор за еден од синовите на угледниот канадски трговец со недвижнини Марсел Адамс кој го преживеал холокаустот и по бегството во Канада ја основал компанијата Iberville Developments.

Силван Адамс минатата година донираше 80 милиони долари за велосипедската трка Giro d’Italia која се одржа во Ерусалим.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.