Џорџ Клуни заработил повеќе пари во последната даночна година од кој било друг актер, објави магазинот „Форбс“.
Ова делумно се должи на продажбата на компанија за производство на текила, на која Клуни е коосновач.
Според „Форбс“, 57-годишната ѕвезда заработил 239 милиони долари пред оданочување.
Ова го става на второто место на листата на светски познати личности кои заработиле најмногу, веднаш по боксерот Флојд Мејведер.
Кајли Џенер е рангирана на третото место на листата „100 најбогати познати личности“. Во изминатата финансиска година, таа има заработено околу 166,5 милиони долари.
Претходно овој месец, „Форбс“ објави дека реалити ѕвездата ќе стане „најмладиот само-создаден милијардер во светот“.
Британската група „U2“ исто така е во топ 10, заедно со светски познатите фудбалски ѕвезди Лионел Меси и Кристијано Роналдо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.