Анџелина Џоли и Бред Пит започнаа нов спор. Откако скоро го поделија имотот, двајцата се соочуваат со нов проблем – нивната најстара ќерка сака да живее со нејзиниот татко.
Шајло, која е биолошко дете на познатите актери, не се чувствува многу добро во друштво на нејзината мајка и посака да го напушти својот дом. На 13-годишно девојче кое се однесува и се облекува како момче не му се допаѓа начинот на кој Анџелина се сменила за време на разводот.
Според тинејџерката, која сака официјално да го промени својот пол, нејзиното сегашно место на живеење е „зона на катастрофи“. Таа директно го спакува багажот и отиде кај Бред Пит.
Таа ја стави пред свршен чин кога го напушти својот дом … Енџи ќе биде опустошена кога ќе открие дека Шајло навистина ја напуштила“, изјави извор близок до семејството.
Според познаниците, бившиот на Џоли ја примил својата ќерка со отворени раце и бил подготвен да гледа други деца ако сакаат да останат со него трајно.
Овој потег на Шајло го доведува во прашање договорот за старателство над децата од разделената двојка, од кои некои биле посвоени за време на бракот.
Претходно, актерката беше лута на нејзиниот сопруг толку многу што не му дозволуваше да комуницира со децата. Подоцна, нејзиниот став се смени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.