Пејачката Јелена Карлеуша со својата тетка Даниела, ќерката Атина како и неколку блиску пријатели денеска одржаа 40 дневен помен за прерано починатата радио водителка Дивна Карлеуша.

Прв пат на вечното почивалиште на Дивна дојде и нејзината внука Атина која целото време главата ја држела наведната.

Пејачката цело време седела на гробот покрај својата мајка видно неутешна и облечена во црно, додека косата се уште и е видливо кратка.

На гробот на Дивна беа донесени и бели кали и црвени ружи.

Потсетуваме мајката на Јелена Карлеуша почина на 3-ти март откако претходно боледуваше од рак на белите дробови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.