Ким и Клои Кардашијан и Кајли Џенер поднеле документација со кои бараат имињата на нивните деца да се заштитат како трговски марки.

Со тоа, имињата Норт, Сент, Чикаго, Тру и Сторми ќе бидат регистрирани како брендови и тие ќе можат да ги користат понатаму во маркетиншки кампањи за промоција на секој можен продукт кој ќе им текне да го измислат.

Досега своите имиња сестрите Кардашијан-Џенер ги користеа за брендирање на облека, мобилни апликации, играчки, шминка, а неодамна Кајли го употреби зборот „Stormiworld“ за опис на местото каде се одржа роденденската забава на Сторми.

Но, се чини дека не сите членови на семејството Кардашијан-Џенер се воодушевени од оваа идеја. На пример, Кортни нема намера да го направи тоа со своите деца Мејсон, Пенелопе и Рејн, а најверојатно нема да им се придружи ниту Роб Кардашијан, односно неговата ќерка Дрим, која ја доби со Блеј Чајна.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.