По цели 14 години, реалното шоу „Keeping Up With The Kardashians“ повеќе нема да се снима.

Веста ја објави самата Ким Кардашијан на Инстаграм.

Сезоната 20 ќе биде последна и ќе биде прикажана во 2021 година, а првата епизода излезе во 2007 година.

На нашите неверојатни обожаватели… со срце срце, донесовме тешка одлука да се збогуваме од шоуто како семејство. По 14 години и 20 сезони, стотици епизоди и бројни спин-оф шоуа, ние сме повеќе од благодарни на сите што не гледавте низ годините, низ добри и лоши времиња. Без „Keeping Up With the Kardashians“, јас не би била овде каде што сум денес. Ова шоу не направи она што сме денес и јас засекогаш ќе им останам должна на сите оние кои имаа улога во обликувањето на нашите кариери и со тоа ги сменија нашите животи засекогаш –  напиша Ким на социјалните мрежи објавувајќи фотографија од првата сезона на шоуто.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.