Никол Кидман никогаш не криела дека семејството и’ е на прво место, што повторно го потврдила со фотографија на својот инстаграм-профил

Никол има две посвоени деца, Изабела и синот Конор, од првиот брак со Том Круз, кои сега се веќе пораснати.

Во сегашниот брак со пејачот Кит Урбан, една од најпопуларните австралиски актерки има две ќерки, 10-годишната Сандеј Роуз и две години помладата Фејт Маргарет, кои секогаш ги криела од очите на јавноста и медиумскиот притисок.

Никол и Кит отсекогаш сакале ќерките да им имаат мирно и нормално детство, што засега им оди од рака.

Ретко можеме да ги видиме ќерките на фотографии од папараци, кои настануваат на аеродром, додека се шетаат низ град или на натпревари некаде низ светот.

Меѓутоа, овој пат, не успеала да не го сподели нежниот момент со своите ќерки на Инстаграм. Таа објавила фотографија на која позира со нив во прегратка и напишала:

Јас не сум ништо без љубовта на моето семејство.“

Во едно од ретките интервјуа во кои зборувала за децата и семејството, славната 51-годишна актерка открила колку и’ значи семејство.

 

Ние сме многу сложно семејство. Многу време поминуваме заедно, ништо не земаме здраво за готово и секогаш сме тука едни за други. Многу учам од моите ќерки. А тие мене ме учат која сум всушност јас. Преку родителството учите кои се тие деца и дека не треба да ги правите она што вие би сакале тие да бидат“, нагласила актерката.

View this post on Instagram

I am nothing without the love of my family ❤️

A post shared by Nicole Kidman (@nicolekidman) on



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.