Во „Ѕвездите на Гранд“, музичкото талент шоу во кое е постојан член на жирито веќе со години наназад, Јелена Карлеуша, се труди да ја покаже својата посилна страна.
Во последната емитувана емисија, публиката можеше да ја види пејачката насмеана, но и да чуе некоја караница со останатите членови од жирито, што неретко се случува на снимањата на оваа емисија.
Сепак, во емисијата која веќе е снимена, а допрва треба да се емитува, Јелена пуштила и солза, пренесува „Скандал“.
Имено, една од кандидатките ја пеела песната „Пијесма мајци“, која во оригинал ја изведува Ханка Палдум, па Карлеуша не можела да се воздржи со оглед на тоа што остана без својата мајка на 3 март оваа година, а раната се уште е свежа.
Според пишувањата на споменатиот неделник, Јелена не можела да ги запре емоциите, и плачела околу 10 минути.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.