Јелена Карлеуша за прв пат ја откри вистината за својот брак со фудбалерот Душко Тошиќ, после наводните шпекулации дека се разведуваат и скандалот со Врањеш.

Имено, во медиумите долго време се шпекулираше дека славниот пар се разведува, но сега Јелена за прв пат проговори за разводот во емисијата „Ѕвездите на Гранд – Специјал“, каде се обрати на Саша Поповиќ.

Саша знаеш што ми кажува Душко за „Ѕвездите на Гранд“? Ми вели: Нема да не разведат медиумите, Гранд ќе не разведе. Ние воопшто не сме заедно веќе со години поради Гранд“, се шегуваше балканската дива.

На прашањата на гледачите, Јелена имаше јасен одговор на темата дали се разведува.

 

Не! Не се разведувам. Можам само да се повторам дека ако дојде до развод помеѓу мене и Душко, тоа ќе биде од недостаток на моето време да му се посветам нему, исклучиво поради Гранд“, вели Карлеуша.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.