Пејачката Јелена Карлeуша се расплака среде снимањето на емисијата „Ѕвездите на гранд“, каде што е дел од жирито.

Јелена ја разнежи настапот на една од кандидатките во шоуто, па заплака и лицето го покри со рацете. Песната најверојатно ја потсети на нејзината покојна мајка Дивна, која почина неодамна, но и на проблемите кои ги има во бракот, пишува „Блиц“.

Наводно, мажот на Јелена Карлеуша, фудбалерот Душко Тошиќ поднел документи за равод на нивниот брак, а пејачката сѐ потешко го прифаќа фактот дека бракот им се распаѓа.

Српските медиуми пишуваат дека веќе некое време нивниот брак функционира само на хартија, но Карлеуша под никакви услови не сака да стави крај на 10 годишната љубов. Душко, кој е спремен да ѝ ја остави на Јелена вилата од два и пол милиони евра и да плаќа алиментација за децата, во последно време буквално ги моли нејзините најблиски да ја вразумат и убедат за конечно да ги потпише документите за развод.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.