Jeлена Карлеуша открива дека таа повеќе му попушта на својот сопруг Душко, отколку тој нејзе. Во едно интервју за српски експрес таа раскажува како функционираат со Душко на далечина, а зборува и за неверствата. Таа откри дека имале кризи и дека на својот сопруг му простила многу повеќе неверства во споредба со тоа тој на неа.
Душко од мене добил милион нови шанси да стави крај на брачните неверства, но ние жените дефинитивно сме многу толерантни, а и големи будали. Јас не сум ни сигурна дека тој може да престане да изневерува. Јас простував многу повеќе од него,“ рекла Карлеуша.
И покрај сите скандали кои овој брашан пар ги имаше во 2019, Карлеуша открива дека тие двајца нема да се разведат особено откако во јавноста пред една година се појавија нејзини видео снимки и фотографии со фудбалерот Огњен Врањеш.
Верувам во тоа дека сопружниците треба да останат во брак најмногу заради своите деца, без разлика на тоа какви кризи се случувале меѓу нив,“ вели Јелена.
Таа вели дека постои вечна љубов, но тоа не е љубовта помеѓу маж и жена.
Тоа е љубовта на мајката кон своето дете, се друго е подложено на ерозија, истакнува Карлеуша.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.