Северина се најде во центарот на вниманието на медиумите во 2018 година, кога во јавност се појавија фотографии на кои таа е целосно гола. Тие фотографии се појавија во сите таблоиди, а скандалот до таа мера ја возбуди јавноста, што со денови се зборуваше за тоа.

Во тоа време, Јована Јоксимоциќ, во утринска емисија со своите гости ги коментирае фотографиите, а како што пишува српски „Блиц“, Северина сега одлучила вината за фотографиите да ја најде во водителката, Јована,.

Водителката ги објави моите голи фотографии во утринската програма, кои беа хакирани од мојот телефон. Нашите деца играа заедно, го познавам нејзиниот сопруг, пејачот. Во една прилика дури му напишав репертоар за концерт. Па нивното дете и моето дете си играа заедно, се дружевме како пријатели, но, без оглед на тоа, такви работи едноставно не одат. Таа ги пушти тие фотографии во 10 часот на телевизија. Беше ужасно – изјави Северина, во емисијата „150 минути“.

Иако Северина не ја именуваше директно, српските медиуми шпекулираат дека таа зборува за Јована Јоксимовиќ, ТВ-водителка и сопруга на Жељко Јоксимовиќ, која ги коментираше нејзините голи фотографии во нејзината емисија за гости во 2018 година.

Ох не. Не сакам да коментирам, ти благодарам за поканата и збогум – изјавила кратко Јована Јоксимовиќ за српски „Телеграф“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.