Канадската манекенка Стефани Шерк (37) извршила самоубиство во базенот на својот дом во Шерман Оукс во Калифорнија.
Како причина е наведен недостаток на кислород во крвта, задушување и давење. Манекенката, која се обиде да стане актерка, била прионајдена од нејзиниот сопруг, актерот Демијан Бишир (55), кој беше номиниран за Оскар.
Шерк на 12 април си го прицврстила своето тело на дното на базенот, а ја нашол сопругот, кој се вратил од продавница. Обидот за самоубиство актерот го спречил во последен момент и ја извлекол сопругата од базенот.
Но, последиците од давењето биле такви, што манекенката почина на 20 април во болница во Беверли Хилс. Бишир во трогателен пост на Инстаграм се прости од својата сопруга.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.