За време на својата богата кариера, Лепа Брена се пробала и како актерка, а филмот „Ајде да се сакаме“, во кој ја играше главната улога достигна голема популарност.
Брена за хрватските медиуми се присетила на снимањето на филмот, но и на една случка која заесекогаш ќе ја памети.
На островот Лопуд од другата страна на Дубровник го снимавме вториот дел од филмот и секое утро станувавме во шест часот наутро. Едно утро доцнев и поради тоа трчав по скалите, а бидејќи носев високи потпетици, тие се скршија, а јас паднав баш на оној дел од телото кој го губи чесното име. Потоа почуствував болка во бутовите и сфатив дека потпетицата ми се забила во месо, блиску до куковите. Ја извадив и успеав да дојдам до екипата. Итно со глисер ме однесоа во болницата во Дубровник. Можете да замислите како одам на хирургија во бикини и со крвава нога. Кога стигна главниот хирург ми кажа: „О, добродојде Брена, да видам каков проблем имате“? Добив инекција против тетанус и потоа почна шиењето на раната. Меѓутоа, пред тоа трипати ме удри по задникот и ми кажа дека се ќе биде како „бонбона“ (се смее). Снимањето го продолживме по два дена, а оваа сцена од болницата и денеска кога ќе се сетам ми е пресмешна и симпатична – раскажала Брена за „Слободна Далмација“.
Меѓутоа, една анегдота од снимањето на овој филм јавноста досега немала прилика да ја слушне.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.