Манекенката Христина на свет ја донесе малата Мила.
Фудбалерот Влатко Грозданоски стана татко! Неговата сопруга Христина на неговиот 36. роденден на свет ја донесе малата Мила, а породувањето поминало во најдобар ред и двете се чувствуваат добро.
Мојата сопруга ми го даде најубавиот роденденски подарок што можам да го замислам. Се роди нашата ќеркичка Мила, се пофали фудбалерот на социјалните мрежи.
Инаку, со Христина која по професија е манекенка се венчаа во 2016 година, а претходно беа долги години во врска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.