Гласините дека Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ се разведуваат повторно станаа актуелни благодарение на фотографиите што славниот фудбалер ги објавува на својот инстаграм-профил.
Иако не станува збор за компромитирачки материјал, туку за семејни фотографии на кои позира со своите наследнички Атина и Ника, „душогрижниците“ не престануваат да шпекулираат дека во бракот на популарната пејачка не цветаат ружи.
Имено, гласините се засилија откако Душко замина на одмор со девојчињата, и тоа во Дубаи, каде што традиционално одат секоја година, но овој пат Јелена не беше со нив.
Упатените тврдат дека ова е првпат сопружници да не заминат заедно на одмор со своите ќерки. Шпекулациите станаа уште погласни откако на инста-сторито на профилот на Душко осамна фотографија од Атина и Ника на Злабитор, повторно без поп-пејачката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.