Американската пејачка Селена Гомез, објави дека ќе се мажи за 68-годишниот американски актер Бил Муреј, со кој се прошета на црвениот килим на Канскиот фестивал минатата недела.

Причината поради која Селена беше во Кан е промоцијата на претстојниот зомби филм „The Dead Don’t Die“.

 

 

Прв пат на Кански фестивал, јас сум почестена што сум дел од филмот со Џим и целата екипа. Патем, Бил Муреј и јас ќе се венчаме“, напиша пејачката покрај фотографиите кои ги сподели на својот инстаграм-профил.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.