Безвременската икона Шер (74) ги воодушеви бројните обожаватели откако објави фотографија од нејзината мајка, пензионираната кантавторка и поранешна манекенка Џорџина Холт (94).

Фотографијата на која Шер ја прегрнува својата мајка, и двете изгледаат 20 години помлади, предизвика различни реакции кај обожавателите. Меѓу највпечатливите коментари се: „Така се става боткос“. Но, сепак повеќето од фановите се изјаснуваат дека би сакале да изгледаат како нив двете во тие години

Се гледа дека внимаваат на изгледот, не е се во ботоксот, пишуваат фановите.

Шер никогаш не криеше дека прави естетски корекции. Градите и носот ги оперираше уште на почетокот на кариерата. Подоцна ги затегнуваше очните капаци, направи и лифтинг на образите и лицето, липосукција, а редовна е во ставањето ботокс.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.