Пред околу една година македонската естрада се прости од Влатко Илиевски, а пејачката Елана Ристеска не можеше да ја сокрие тагата што ја чувствува од загубата на својот пријател.
Таа објави стара фотографија на која таа позира покрај него, а за истата напиша и емотивен опис, кој обожавателите на Влатче ги остави во солзи.
Ете така ќе си најдеш слика од времето сосема случајно и ќе те погоди како нож во гради кога ќе здогледаш кој е на сликата. Толку убав, толку млад, толку талентиран и оригинален.. и си викаш, до кога ќе губиме време на социјалниве мрежи да исправаме криви Дрини, кој-што рекол и направил, кој-каков бил.. До кога? До каде? Има ли крај? Од денес нов лист на книгава наречена-живот!“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.