Елен Деџенерис се отвори за најлошите моменти од нејзините тинејџерски години, кога била манипулирана и сексуално малтретирана од очувот, а нејзината мајка не ѝ верувала кога ѝ го кажала тоа.

Славната водителка гостуваше во шоуто „My Next Guest Needs No Introduction“ на Netflix со Дејвид Летерман и зборуваше за кариерата, но и личниот живот. 61-годишната комичарка го опиша својот очув како „многу лош човек“ и раскажа како тој ја малтретирал.

Кога мајка ми беше надвор од градот, тој ми кажа дека почувствувал грутка во нејзината града и за да не ја вознемири, дека треба да ги допре и моите гради. Ме убеди дека мора да ги опипа моите гради и го направи тоа и повторно и повторно“ – раскажала Елен.

Лута си сум себеси, затоа што бев преслаба да се спротивставам, имав 15 или 16 години. Тоа е ужасна, ужасна сторија и единствената причина поради која навлегувам во детали е зашто сакам другите девојки никогаш не дозволат некој да им го направи тоа“ – продолжила таа.

Елен ги советува сите девојки и жени да не молчат и да не страдаат во тишина. „Кога гледам личности кои гласно признаваат, особено сега, се разлутувам кога на жртвите не им се верува, затоа што ние не измислуваме“ – призна таа.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.