Едната од сестрите на Северина, Зденка Вучковиќ, јавно се откажала од каква била врска со својата популарна сестра, а причина за тоа е никој друг, туку сопругот Игор Којиќ.

Таа изјавила дека никогаш нема да ѝ прости на Северина што се омажила со Србин и тоа не го крие. Истото го потврдил и сопругот на Зденка, Здравко. Сестра ѝ на Северина уште се сеќава на војната и смета дека Србите се големи непријатели на Хрватите.

Таа заборави дека е Хрватка, тоа не се простува“, изјавил сопругот на Зденка.

Од друга страна, другата сестра Маријана нема никаква замерка за изборите на Северина и тие двете останале блиски цело време. Маријана исто така живее во Белград и исто така не контактира со Зденка.

Тие се обиделе да се смират во 2015 година, но таа одбила, потсетувајќи се на она што им го рекла нивната баба кога биле деца: „Не им верувај на Србите кога ти носат слатки дарови.“

Северина никогаш јавно не го коментира односот со нејзиното семејство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.