25 години -јубилејот кој го заокружија со 25 концерти, Авалон го завршуваат со фестивалот „All you need is love“ со најголемата музичка актуелна регионална ѕвезда Џибони, Влатко Стефановски и „Фанк шуи“.

Концертот ќе се одржи на 23 декември пред новогодишните празници и како што рече Бобан Милошевски, тие се занимаваат со шоу-бизнис и сакаат својата публика да ја развеселат за да заборавиме за миг на стресот, загадениот воздух…

На денешната прес-конференција, Влатко Стефановски посочи дека пред да дојде ја преслушал песната „All yоu need is love“ и целиот албум и дека е можно вечерта на 23 декември е можно да ја изведе на сцената на Борис Трајковски, каде ќе настапи заедно со неговиот син јан, кој, како што рече од ден на ден станува се подобар на тапани. Влатко ќе има свој целовечерен настап, како што му доликува на најголемиот балкански гитарист на сите времиња, а ќе настапи со своето трио. Тој ќе настапи и како специјален гостин на неколку песни заедно со Џибони.
„Фанк шуи“ е група која имаше моѓне успешна година. Лука, рече дека досега само создавале музика, но годинава се соочиле со некои нови обврски, како договори, прес-конференции…нешто што досега не им било дел од работата, но вели дека тоа успешно го поминале.

За жал на конференцијата не беше во можност да присуствува Џибони, но тој испрати видео порака за публиката во Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.