Во рамките на својата турнеја, познатата пејачка Џенифер Лопез објавува кратки видеа под наслов „It’s My Party: Showtime!“, во кои честопати открива непознати детали за себе. Така напави и во последното видео во кое зборуваше за свадбата со Алекс.
Заедно сме три години и ќе се венчаме брзо, поточно следната година. Сакам голема свадба и овој пат би сакал да се венчам во црква. Никогаш не сум се заколнала на вечна љубов во црква – рече таа.
Џенифер и Алекс се запознаа во 2017 година на неформален ручек кој се претвори во состанок. Се верија во март оваа година, а за латино дивата ова е четврти пат.
Но, она што е интересно кога се работи за нив двајцата е тоа што поранешниот бајзбол играч на 20 години изразил желба да излезе со Џенифер. Имено, тој на својот Инстаграм профил објави симпатично видео, дел од интервју снимено во 1998 година. Тој тогаш бил прашан со кого сака да има состанок.
Со Џенифер Лопез. Се надевам дека можете да ми дадете средба со неа – изјавил 23-годишниот Алекс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.