Џенифер Лопез откри дека, иако допрва треба да го одреди датумот на венчавката со Алекс Родригез, постои едно што е сигурно, а тоа е дека синот Макс ќе ја испрати до олтарот.

Пејачката и актерка откри дека за својот трет брак ќе ја прекрши традицијата и ќе дозволи да ја испрати нејзиниот сил наместо таткото Давид.

Макс и неговата сестра близначка Ема, Џенифер ги доби со поранешниот маж Марк Ентони.

Да потсетиме, латино дивата Џенифер Лопез, на почетокот на март се вери за поранешниот безбол играч Алекс Родригез по две години врска.

Парот уживаше на одмор кога Алекс се одлучи да клекне пред својата сакана и ја праша дали сака да се омажи за него.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.