Двете поранешни сопруги на Бред Пит се сретнале само еднаш во животот, тврди Џенифер Анистон во интервју за Венити Феар.

Џенифер раскажа дека ја сретнала Анџелина на паркинг пред снимањето на филмот „Господин и госпоѓа Смит”, по кој Бред ја остави Џенифер поради врската со Анџелина.

Пријдов и се претставив. И реков дека Бред е многу возбуден што ќе работи со неа и дека се надевам дека убаво ќе си поминат, раскажа Анистон.

Оваа средба се случила кусо време пред да ја остави Бред. Во тој период имале брачни проблеми зашто Бред не сакал таа да ја снима последната сезона од серијата „Пријатели” , иако Џенифер заработувала по милион долари од епизода.

Дека нешто не е во ред во врската, почна да се зборува кога Бред не се појавил на забавата за завршување на серијата „Пријатели”. Џенифер го оправдала дека е многу зафатен со снимањето на филмот. Бред и Анџелина се вљубија токму при снимањето на тој филм „Господин и госпоѓа Смит” , а се венчаа во 2014.

По само две години таа побара развод од Бред, кој се финализираше годинава.

Откако Бред се појави во февруари на роденденот на Џенифер, многумина се понадеваа дека ќе ја обноват врската, но таа ги демантираше таквите шпекулации.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.