Меган Маркл најде работа – ќе го позајми својот глас на компанијата „Дизни“ за еден од нејзините јунаци. „Дејли мејл“ пишува дека токму Хари ѝ ја дал идејата на продукциската куќа да ја вработи Меган односно дека принцот наводно се обидувал да го убеди директорот на компанијата Боб Ајгер да ја ангажира неговата сопруга.

„Дејли мејл“ пишува дека на премиерата на „Кралот лав“ во Лондон, во јули минатата година, војводата од Сасекс ја искористил приликата на Ајгер да му каже дека Меган е заинтересирана да го позајми гласот во некој анимиран филм.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.