Хрватската пејачка Данијела Мартиновиќ (48) на музичката сцена е од својата 18-та година, а за време на гостувањето во позната ТВ-емисија, откри детали од својата врска со Петар Грашо (43), со кого е во љубовна врска повеќе од 20 години.

Родителите престанаа да нè прашуваат кога ќе се венчаме, се откажаа од тоа. Навистина беше тешко да се издржи сиот медиумски притисок по тој повод, бидејќи секоја моја изјава беше пренесувана како своевидно оправдување, а всушност станува збор за наш слободен избор. Слободен избор е да не сакам да зборувам за нашата врска, од почетокот стоиме на тоа. И двајцата имаме кариери и не сакаме тоа да се смени“, изјави пејачката, додавајќи дека веќе пет години не ги чита написите за себе.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.