Британската пејачка Дафи сподели со јавносста дека била дрогирана и силувана откако напаѓач ја затворил против нејзина волја.
Пејачката од Велс, добитничка на награди Греми и Брит, на нејзиниот официјален Instagram профил објави порака во која вели дека ѝ требало време да закрепне од трауматичното искуство.
Дафи (35), која во 2008 година го објави број еден синглот во Велика Британија „Mercy“, објави порака до нејзините 33.000 следбеници во која вели: „Сега сум добро и на безбедно, верувајте ми“.
„Можете да замислите колку пати се премислив пред да го напишам ова. Па, не сум сосема сигурна зошто сега е вистинското време, но фактот дека го пишувам ова мене ми дава чувство на слобода.“
Не можам да го објаснам. Многумина од вас се чудеа што ми се случи, каде исчезнав и зошто. Еден новинар ме контактираше, најде начин да стигне до мене и му кажав сѐ летоска. Беше фин и јас се чувствував прекрасно бидејќи можев конечно да зборувам за тоа. Сега сум добро и на безбедно, верувајте ми, но во текот на неколку денови бев затворена против моја волја, дрогирана и силувана“, напиша таа.
„Секако, преживеав. Ми требаше време да закрепнам. Нема лесен начин да се каже ова. Но можам да ви кажам дека во изминатава деценија, во овие илјадници денови, бев посветена на тоа повторно да ја почувствувам топлината на сонцето во моето срце и сонцето сега повторно свети.“
Пејачката понатаму објаснува зошто порано не прозборела за ова.
Сигурно се прашувате зошто не решив да ја изразам болката преку мојот глас. Не сакав да му ка покажам на светот болката во моите очи. Се прашав: ‘Како можам да пеам од срце, ако срцето ми е скршено?’“, пишува Дафи.
Таа најави дека наскоро ќе има отворено интервју и ги замоли фановите да ја почитуваат нејзината приватност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.