И фолк-пејачката Цеца Ражнатовиќ вчера била пред храмот Свети Сава, на дочекот на претседателот на Русија, Владимир Путин.

За нејзе претставувала огромна чест да биде меѓу тие луѓе, но додека чекала државниот српски врв да се појави заедно со Путин, решила и малку да се забавува.

Многу од присутните сакале да сликаат селфи со нејзе, а откако три полициски лица ја „фотобомбардирале“ случајно, решила да направи мало непланирано шоу. Пејачката ги „построила“ и „издала наредба“ сите да мафтаат кон фановите, а полицајците ја послушале веднаш.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.