Лепа Брена владее со музичката сцена во регионот веќе 35 години , а освен по песните , позната е и по добриот изглед , пишуваат српските медиуми.
Пејачката откри дека изгубила дури 17 килограми, и призна дека една од причините што ја мотивирала да ослабне е коментар на келнер во хотелот каде што настапувала.
Очекував да дојде пејачка , а не да дојде трафостаница“, коментирал келнерот пред бендот на Брена.
Брена го слушнала и признала дека ја погодило.
Секако, тоа ме повреди, многу сериозно. Исто така, ме охрабри Кога изгубив 10, 12, 13 килограми, тогаш решив навистина да го доведам моето тело до совршенство”, изјави пејачката.
Таа откри и што јаде.
Во утринските часови, обично јадев едно или две јајца. Гледав да бидат органски јајца. За ручек, обично многу посна супа без маснотии, без тестенини, всушност малку вода во која само ќе се обареше зеленчукот, а не да се вари зашто тогаш не добивате никакви витамини. И секогаш имаше некое месо на скара или варено, бидејќи тоа е многу полесно да се свари во желудникот“, вели Брена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.