Американскиот актер Бред Пит се појави на прославата на 50-тиот роденден на својата поранешна сопруга Џенифер Анистон.
Забавата се одржа во Лос Анџелес во сабота навечер, а Џенифер го прослави роденденот во друштво на своите пријатели во хотелот Sunset Tower.
Американските медиуми пишуваат дека Пит до хотелот пристигнал во затемнет SUV и дека само што излегол од возилото веднаш влегол во хотелот за да ги избегне фоторепортерите.
Помеѓу останатите гости на забавата беа и Елен Диџенерис, Кејти Пери, Орландо Блум, Роберт Дауни Џуниор и Барбара Стрејсенд.
Бред и Џенифер ја започнале врската во 1998 година, а се венчаа во 2000 година. Тие без сомнение беа еден од најпопуларните холивудски парови сè до разводот пет години подоцна.
Разводот беше финализиран во октомври 2005 година, а Бред неколку месеци подоцна започна врска со Анџелина Џоли со која глумеше во филмот “Mr. and Mrs. Smith”. Тие беа заедно 12 години, а се венчаа во 2014 година, додека во 2016 се разведоа. Имаат шест деца, Пакс, Медокс, Захара, Шајло и близнаците Нокс и Вивиен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.