Италијанскиот бизнисмен и поранешен шеф на Рено во Формула 1, Флавио Бријатор,е започна нова врска, а тоа веднаш предизвика бурни коментари. Неговата нова девојка Бенедета Боси, од Флавио е помлада дури 49 години. Тој има 69, а таа само 20.
Бенедета е студентка на право во Милано, а со Бријаторе поминала викенд на неговиот имот во Кенија, со што на јавноста ѝ ја открија својата романса.
Бизнисменот ја освоил на несекојдневен начин. Иако живее во Монте Карло, пратил автомобил по неа во Милано, а потоа со приватен авион одлетале во Рим. Таму во луксузен хотел ја поминале ноќта заедно.
Флавио е познат по љубовните врски со славните манекенки. Бил во брак со Елизабета Грегорачи, со која има син, а негови најпознати љубови се Наоми Кемпбел и Хајди Клум.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.