Сестрата на Мајкл Џексон, Латоја, уште во 90-те години на минатиот век го обвини својот татко за сексуално злоставување, а нејзините изјави сега повторно се актуелизираат, особено по премиерата на контроверзниот документарец за нејиниот славен брат во кој двајца мажи го обвинуваат за педофилија.

Латоја тогаш тврдеше дека нивната мајка точно знаела што се случува во семејниот дом. Во мемоарите од 1991 година таа раскажа како нејзиниот татко во рани зори се префрлал од спалната соба во нејзиниот кревет, додека мајка ѝ го молела да не го прави тоа.

Не беше тоа само физичко, туку и ментално насилство. Силувањето беше причина сестра ми Реби да го напушти домот кога имаше неполни 16 години – раскажала Латоја која наводно имала 11 години кога почнале силувањата.

Таа во 1993 година кажа дека нивната мајка се сомневала дека Мајкл Џексон злоставувал деца многу порано пред да се појават првите обвинувања.

За сите непреспиени ноќи Латоја зборуваше и во ток-шоуто Live with Regis and Kathie Lee, а тоа видео сега повторно исплива во јавноста.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.