Ќерката на пејачката Цеца Ражнатовиќ, Анастасија иако се уште нема положено возачки испит од својата мајка добила скапоцен подарок. Имено, пејачката ја почестила со црвен џип од марката „ренџ ровер“ кој веќе го промовирала во една емисија и рекла дека едвај чека да го положи возачкиот испит.

 Учам за возачката, наскоро имам теоретски испит. Ова е мој автомобил ми го купи мајка ми како мотивација, но имав многу обврски околу албумот, па никако не можев да положам за возачка. Се надевам дека ќе го завршам сето тоа во 2020 година, рекла Анастасија и открила дека немала проблем да се вози со такси.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.