Гостувајќи во шоуто „Балканска улица“, Александра Пријовиќ Живојиновиќ разговараше со водителката Весна Дедиќ за разводот на нејзините родители, што се случил кога пејачката имала само три години.
Мислам дека е подобро луѓето да се разведат ако не можат заедно“, рече Александра, додавајќи дека таа ги разбира родителите зошто донеле таква одлука и потоа ги откри оние помалку убави сцени од детството.
Особено ми беше тешко ми беше кога во текот на празниците, одев кај пријателките каде се собираше целото семејство, а потоа се враќав во мојот дом, каде ме чекаа мајка ми и ќебето. Ми недостасуваше тато и да сме заедно.
Исто така, за мене беше тешко секогаш да бирам дали да ги минам одморите со мајка ми или таткоми. Тоа беше најтешко за мене – рече Пријовиќ, но таа сепак ја зврши приказната со повесел тон.
Морам да истакнам дека никогаш не ми недостигала љубов. Сите тие се обидоа да се уверат дека не ми недостасува ништо. Тие беа толку прекрасни што сега се обидувам да им вратам што е можно повеќе. Го правам тоа сега затоа што сум свесна колку навистина направиле за мене во текот на животот, вели Александра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.