Александра Пријовиќ денеска излезе од приватната болница во Белград, во која во средата на свет го донесе синот Александар.

Мајката и бебето се чувствуваат одлично, а дека е се во најдобар ред се гледа и на фотографиите по напуштањето на породувалиштето. Пејачката не ја криеше широката насмевка, а по неа дојде свекорот Боба Живојиновиќ, со луксузен автомобил.

Боба и Филип прво ги сместија работите во автомобилот, а потоа Александра излезе од тајниот излез на болницата и во гаражата влезе во автомобилот. На себе носеше кариран фустан, а гордиот татко го носеше синот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.