Аланис Морисет соопшти во Инстаграм дека е бремена со нејзиното трето дете, објави Асошиејтед прес.

Таа постираше слика како пее во студио за снимање, каде што нејзиниот заоблен стомак е добро видлив.

„Толку многу нови работи“, напиша Аланис, додавајќи емоџи срце и молитва.

Аланис Морисет има 44 години. Таа има син и ќерка. Синот Евер Имре има осум години, а нејзината ќерка Оникс Солас ќе наполни три во јуни.
Пејачката не издала албум од 2012 година, кога излезе „Havoc and Bright Lights“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.