Молк и тага на Дедиње во семејниот дом на Шаулиќ. Колеги, пријатели, роднини… доаѓаат за да изразат сочувство на неутешната вдовица Гордана и ќерката Илда кои се во Белград, додека синот Михајло и Санела уште се во Германија каде чекаат да го превземат телото на пејачот.

Рано изутринава пристигнала Данијела Мандиќ, девојката на Михајло која се грижи за Гордана и Илда.

Во домот пристигнал и Аца Лукас со ќерката Софија за да изрази сочувство, но од болка не можел да зборува за новинарите за српски „Курир“.

Да изјави сочувство дошол и Хасан Дудиќ, како и фудбалската легенда Владимир Петровиќ Пижон и Бошко Ѓуровски.

Пејачката Зорица Брунцлиќ откако слушнала за трагедијата не се одвојува од кумата Гордана и ја теши деноноќно.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.