Договорот од Преспа е класично понижување, така изјавуваше, а сега?

Зекир Рамчиловиќ, историчар од Долно Коњаре и пратекник во Собранието на Република Македонија, кој јавно изјавуваше дека „Бошњаците се честит народ“ и дека „Македонија не е за продажба“, го стори токму спротивното, ја продаде и ја предаде државата. На 18.09.2018 година јавно изјави дека „Договорот од Преспа е класично понижување“. За нас, изјавува тој „како припадници на бошњачкиот народ е прифатливо решение само доколку истото е прифатено од мнозинството на македонскиот народ и од мнозинството на сите македонски граѓани“.

Така говореше овој превртлив лажливец и предавник Зеќир Рамчиловиќ до последниот момент, сѐ до изјаснувањето по Предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија, кога ги погази сите ветувања и изјави и ја извалка и честа на честитиот бошњачки народ, кој во судбоносните времиња најде свои пријатели во Македонија да му помогнат кога му беше најтешко. Овој Бошњак (не Босанец, да не се навреди), кој води партија на Бошњаците во Македонија, му забоде нож во грбот на македонскиот народ и на македонската држава и гласаше за пристапување кон изменување на Уставот за промена на уставното име на Република Македонија и за губење на идентитетот на македонскиот народ.

Превртливиот лажливец помирител! 

Каква иронија, овој превртлив лажливец кој подмолно се „трансформира“ во миротворец и помирител, денес соопшти дека продгрупата за помирување која тој ја предводи постигнала консензус за утврдување на Предлог-закон за амнесттија со кој ќе бидат опфатени пратениците кој гласаа за пристапување кон изменување на Уставот, но со амнестија нема да бидат опфатени организаторите и лицата кои извршиле физичко насилство за време на настаните од 27 април 2017 година во Собранието.

За да добие амнестија, наведува тој „сeкое лице опфатено со процесот ќе треба да поднесе барање за амнестија од понтамошната постапка и дека “ во текстот на Предлог -законот јасно е дефинирано кои лица ќе бидат опфатени со процесот по завршување на доказната постапка”.

Kој е Зекир Рамчиловиќ и која е таа подгрупа да одределува кои се “организаторите” и лицата кои извршиле “физичко насилство” за време на настаните од 27 април? Што е Зекир Рамчиловиќ, врховен судија или врховен обвинител или подгрупата што ја раководи е Врховен суд или Јавно обвинителство, па да определува кои се организатори и физички насилници? Што е ова ако не е вулгаерно мешање во работата на судот и селективна правда спрема поединци по потреба и со определена цел?. Амнестијата ќе се давала по завршување на доказната постапка.! Што значи ова после завршување на доказната постапка? Значи ли ова дека обвинителот ќе изврши преквалификација на делото, за тоа дело ќе се донесе некаква одлука на која странките ќе изјават дека нема да се жаалат и дека тие лица на кои се однесува судската одлука ќе поднесат барање за амнестија. Се, се мести со смислени противзаконити дејствија кои се преземаат и кои ќе се преземаат за да се држи ова група “независни пратеници” во мобилна состојба и да не се дозволи да се попишманат и да не гласаат за уставните амандмани. Што е сето ова, ако не е смислена акција да се спасуваат само тие што гласаа за пристапување кон измена на Уставот на Македонија и на кои ден-два и на самиот ден на гласањето им беше укинат домашниот пристор за да можат да присуствуваат и да да гласаат во Собранието, поради што седницата закажана во 12 часот започна со гласање дури во 22 часот.

Делиумната амнестија е недозволена и незаконита

Знае ли историчарот Зеќир Рамчиловиќ што е амнестија? Деновиве дава небулозни изјави и се растрчал по телевизии… Очигледно незнае и поради тоа е многу провидна неговата цел за селективната и делумна амнестија само на тие што и требаат на однародената власт за гласање на Предлог- уставните амандмани за промена на уставното име на Република Македонија и за уништување на се што е мекедонско.

Согласно член 113 од Кривичниот законик, на лицата кои се опфатени со акт за амнестија им се дава ослободување од гонење или потполно или делумно ослободување од извршување на казната, им се заменува изречената казна со поблага казна, им се определува бришење на осудата или им се укинува определена правна последица од осудата. Амнестијата не се дава на поименично определено лице, туку е врзана за одреден настан од пошироко значење. Амнестијата се дава со донесување на закон, а помилување согласно членот 114 се дава на поименично определено лице во постапка определена со закон, кое може да се ослободи од гонење или потполно или делумно се ослободи од извршување на казната.

Искусниот “правен експерт” Зекир Рамчиловиќ јавно изјавува дека во текот на кривичната постапка која е во тек, лицата опфатени со кривично гонење за најтешко непостоечко кривично дело Теророристичко загрозување на уставниот поредок од членот 313 ќе поднесаат барање за амнестија. Бог да чува и да брани? Кој ќе одлучува по тоа барање? Во која постапка и кој ќе утврди кои се организаторите, кои се тие лица што примениле физичка сила, а кои се тие што се понесени или заведени? Со каква одлука тоа ќе се утврди? Ќе се утврди ли постоење на кривично дело и какво дело, ќе се донесе ли пресуда или обвинението ќе биде повлечено? За тие лица што ќе нема амнестија, да се запазела судската независност, постапката ќе продолжела!. Каква дрскост. Со неправди ќе се бореле за правда. Дали на тие лица што нема да им биде уважено барањето ќе им се обезбеди правото на жалба? Ќе важи ли таа амнестија и за лицата за кои јавниот обвинител наведува отварање на нова постапка за истиот настан? До кога ќе продолжи ова тротура против повеќе лица за непостоечко најтешко кривично дело терористичко загрозувцање на уставниот поредок?

Лицемерно и безобразно, однародената власт со цел да му ги замачка очите на народот од овие гнасотилаци што се прават со законите и со судските органи се повикува на владеење на правото, а во суштина највулгарно власта ги крши елементарните законски норми од политички, а не правни причини. Буквално се ќе сторат за да ги спасат пратенициите кои ги “убедија” да гласаат за Предлогот за пристапување кон измена на Уставот, кога буквално ги извлекоа од дома со матни игри и уцени за да гласаат. Тоа со истата жестина се прави и сега. Тоа ли е правда, тоа ли е правна држава. Одметнатите 8 жигосани наводно независни пратеници од “независна пратеничка група” цел живот ќе си го носат срамот на предавството на народот државата. Тоа народот никогаш нема да им го прости на нив и на нивните поколенија. Од какви побуди го прават тоа е очигледно, атоа што повеќето од нив или нивни блиски се опфатени со кривично гонење, Тоа ли е цената на нивниот спас со продажба на државните интереси и промена на уставното име на државата.

Амнестија за сите лица за настаните од 27 април

Државата и властодржците мора да смогнат сила и да имаат храброст да ги признаат сопствените грешки за настаните од 27-ми април. Тие го предизвикаа народот со грубо кршење на законите со нелегален избор на претседател на Собранието, за што и ден денес уште нема записник и за настаните што му предходеа на тој избор. Тие мора да го понесат најголемиот дел од вината, согласно принципите на виктимолошката наука. Ова уште повеќе што од чисто правен аспект во никој случај неможе да стане збор за некакво кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок.

Со Законот за амнестија од 02.03.2002 година се ослободуваат од гонење, се запираат кривичните постапки и подполно се ослободуваат од извршување на казната затвор граѓани на РМ и граѓани кои имаат имот или престој во државата, за кои постои основано сомневање дека подготвувале или сториле кривични дела поврзани со конфликтот во 2001 година. Дури со амнестија биле опфатени и оние лица кои сториле кривични дела пред конфликтот, а биле поврзани со него. По овој закон биле амнестирани 907 лица. Тоа значи дека амнестијата со закон била дадена за настан во врска со конфликтот.

Без целосна амнестија на сите лица за настанот од 27-ми април нема никаква правда и нема никакво помирување. Делумната селективна амнестија во никој случај неможе ни приближно да значи некакво помирување. Напторив, селективната делумна амнестија само ќе го продлабочи јазот и недовербата. Селективната правда е голема неправда и создава отпор и раздор, а не приближување или помирување.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.