Д-р Кирил Лазов
Музиката за танцот на Заев заврши. Завесата одамна се дигна, а маските паднаа. Аплаузите за Филипче стивнаа и нив ги нема.
Има само една вистина а тоа е дека се ова што ни се случува е последица на желбата за брзи избори и непромислените потези на раководството на СДСМ поради кои половина партиско раководство и кандидатите за пратеници од ИЕ 2 сега им се во изолација. Тие се можеби најголемиот класатер во моменов поради авантурата на Заев.
Коронавирусот сè уште се шири скоро насекаде. Трицифрените бројки на новозаразени кои ги имаме последната недела е последица на предизборната авантура на Заев поради која загрози многу човечки животи, но и поради лагите на Филипче дека вирусот е под контрола, дека слабее и дека сме ја победиле заразата. Каква е таа контрола кога секојдневно имаме бројка на 100? Како тоа сме ја победиле? Зарем контролата значи осумдесетчасовен карантин како единствено решение за одредени подрачја? Зарем контролата значи повторно воведување на полициски час?
Ние сме во трка против времето ама за жал времето не гази. Затоа ни се случува овој хорор. Затоа ни се случува катастрофа во справувањето со пандемијата.
Требаше да знаат и да бидат свесни за својата неспособност. Оставките требаше да бидат доблесен и морален чин за да се остави простор на некој кому здравјето на граѓаните му е важно. Но тоа не се случи и нема да се случи зато што им се потребни себепромоции. Потреби им се сите бенефити кои произлегуваат од тактиките на влијание од позиција на моќ. Всушност, што им е потребно ни самите не знаат. Свесни дека влијанието и моќта ги изгубија исто како и тлото под нозете. Зато се изгубени и дезорентирани во просторот. Затоа пи-ар стратегијата на Филипче е полна со демагогии.
За да ги задоволи апетитите на својот партиски шеф и без грижа на совест да се впуштат во ковид предизборната авантура на Заев, тие свесно го намалија бројот на случаи.
Со ефикасно сузбивање, бројот на вистински случаи падна преку ноќ, како што се случи. Со помалку случаи, стапката на смртност исто така почна да опаѓа. А нив секако тоа им беше потребно за да се лажираат фактите, да се претстави една искривена слика.
И кога во една таква лудорија неуспехот е евидентен, најлесно е да се обвинат граѓаните и прстот да се впери во друг. Заев и Филипче својата вина ја префрлаат на народот. Сега народот е виновен.
Е, не е народот виновен. Виновни сте единствено Вие господа и желбата за брзи избори. Но и немањето на капацитет да разберете дека додека не се реши овој хорор изборите секако се далеку од памет. Ако ја погледнеме стратегијава во последниве две недели, јасно е како ден дека е целосно погрешна и дека и служи само и само на политиката.
За да го решиме хоророт потребно ни е разбирање на вистинскиот проблем: масовно тестирање и влеугавање во трага на вирусот, а не изјави од типот заразените потекнуваат од петнаесетина семејства.
Разочарувачки е што и после три месеци борба против коронавирусот, нашите челници во моментов , немаат идеја за нивните вистински случаи. Не знаеме колку има. Знаеме само дека официјалниот број не е реален и дека е вистинскиот е поголем број случаи.
Другиот суштествен проблем кои произлегува и се другото лице на нашата хорор приказна е исполитизираноста на Комисијата за заразни болести и нивната безидејност.
За жал, надлежните не можат и не смеат да размислуваат само за животите на заразените. Тие треба да размислуваат за целата популација, а тешките мерки на социјално растојание имаат влијание врз другите.
Во моментов, немаат идеја колку различни мерки на социјално растојание го намалуваат преносот на вирусот. Исто така, немаат претстава каква е нивната економска и социјална цена. Но, и тоа не му е никому важно кога е во прашање желбата за брзи избори, очајничкиот обид за зачувување на лидерското столче во партијата и можноста за профитабилна комбинација. Секако, најлесно е народот да се обвини.
Време е да се признае поразот. И не ја потценувајте интелегенцијата на народот! Народот памети и казнува. Ќе ве казни и за ова, а одговорот многу брзо ќе го добиете.
Можеби неодговорено ќе остане само прашањето колку луѓе загрозивте и инфициравте додека водевте незаконска предизборна кампања, делејќи флаери за совети за заштита од коронавирусот?
Колку луѓе се жртви на ковид предизборната авантура на Заев?
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.