Михајло Маневски

На судиите и јавните обвинители ЗОРАН ЗАЕВ како џелат им плете свилен гајтан.

Овој лажоман, денес на предизборна трибина во Скопје со осветнички тон и исукана сабја, дрско и брутално им се закани на судиите и јавните обвинители. Се дере на цел глас. Го најде кривецот за криминализираната држава во која царува корупцијата и организираниот криминал. Ги обвини судиите и обвинителите и грубо се меша во судската власт. Изигрува врховен обвинител, врховен судија и извршител, диктатор, каков што не памети ова земја.

Кој му даде право на Зоран Заев како претседател на Владата да врши линч на судиите и обвинителите? Кој му даде право како највисок преставник на извршната власт да се меша во судската власт? Што е ова, ако не е еклатантен пример на злоупотреба на функцијата и искористување на положбата за грубо мешање во самостојноста и независноста на судството и јавното обвинителство?

Незнам дали Самуел Жбогар и Брисел гледаат со кого имаат работа. Вакви закани и вакво дрско мешање на извршната во судската власт со директни закани врз судиите и обвинителите не постојат во ниту една држава во светот. Тоа не води кон владеење на правото, туку води кон владеење на самоволие, анархија и диктатурата на еден самоволник.

Линч и залашување на судиите и обвинителите

Судството и јавното обвинителство, како тој ги нарекува последен бастион на заробената држава, не му пречеа на овој аболициран диктатор, кога судиите и обвинителите “одлучуваа” за судските постапки по поднесените обвиненија против него за тешки кривични дела. Не му пречеше начинот на кој беа донесени судските одлуки за запирање на кривичната постапка за случајот ПУЧ и за донесување на ослободителна пресуда за случајот ПОТКУП?

Постапката по предметот ПУЧ, презеден од СЈО од страна на криминалната обвинителка рекетарка Катица Јанева беше експресно запрена “со цел да се приберат дополнителни докази што ќе ја разјаснат фактичката состојба”, кои никогаш не се прибавени. Тоа беше само изговор за запирање на постапката. Во предметот поткуп, по проверена шема, застапникот на обвинението изврши преквалификација на делото со цел да се елиминират посебните истражни мерки како докази кои ги виде целата јавност како Зоран Заев бара едно евро за црквата и едно евро за Вицето.

Кои судии и обвинители треба да се линчуваат? Сигурно Зоран Заев не мисли на оној обвинител што ја запре кривичната постапка против него за тешки кривични дела или на тој обвинител што го преквалификува дело или судијата што донесе ослободителна пресуда на очиглед на бројни докази кои ги виде целокупната јавност. Тој судија се јавува и во случајот Рекет.

Зоран Заев не мисли на оние јавни обвинители кои не покренуваат кривична постапка против него за мешање во работата н Судскиот совет, кога со злоупотреба на положбата претседател на Владата бара од градоначалникот на општината Сарај да врши влијание на членови на Судскиот совет да се разреши претседател на суд и судија. Ако тоа не е злоупотреба на положбата, што е? Не мисли ниту на оние обвинители кои не мрдаат со малото прсте на очиглед на несоборливи докази дека снимените материјали според исказот на Зоран Верушевски се страотно модифицирани и компромитирани. Кој го стори тоа, кога се знаеше дека само Зоран Заев имаше допир со тие материјали?. Кој ја монтираше снимката за убиството на Мартин Нешковски и од 13 минути и ја сведе на 3,5 минути и зошто?

Зоран Заев сигурно не мисли на Јавниот обвинител на Македонија кој не покренува кривична постапка за десетици случаи на огромен криминал во врска со јавните набавки во случаите Реагенси, Леонардо, ТЕТО, хеликоптерски ујдурми и уште десетици други случаи на незаконски јавни набавки и уште една дузина Рекети? Овие случаи не можат да застарат и ќе дојде време кога ќе се проверат сите околности и одгворните за казнените дела да бидат земени на одговорност.

Фронтален напад на судиите и обвинителите

Покрај преседателот на Владата и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по втор пат силно удира по судиите и обвинителите. Полицијата апси, обвинителството и судот пуштаат, кој го штити криминалот, се прашуваат? Тој упатува посебни критики и на судот и на јавното обвинителство и бара поголема одговорност во врска со случаите кои ги пријавува МВР. Тој го наведува случајот со последната акција кога од 12 приведени лица, меѓу кои и лица поврзани со пукањето во хотелот Александер Палас, сите се пуштени да се бранат од слобода и ниту едно лице не е притворено, освен едно лице на кое му е изречена мерка за обезбедување!

Ова е многу чудно од законски, теоретски и практичен аспект? Чудно е толку жестоко МВР да го напаѓа Јавното обвинителство и судот! Незнам дали некаде во светот има таков преседан. Уште кога се подготвуваше новиот закон за Кривичната постапка (2007-2010), се водеа долги дискусии окулу положбата на МВР во постапката и особено за тоа кој треба да го има монополот на доказите и кој е одговиорен за спроведување на кривичната постапка? Тоа е несомнено јавниот обвинител, кој од сите органи, вклучувајки го и МВР, може да бара податоци и прибавување на докази и тие се должни тоа да го сторат. Монополот на доказите во МВР веќе е минато, но за тоа сеуште има големи отпори.

Многу се лаже Зоран Заев ако мисли дека ќе ги исплаши судиите и јавните обвинители

Линчот на Зоран Заев е уперен против над 630 судии и над 250 јавни обвинители. Сите тие ли се криминалци? Дали со овој фронтален напад на сите судии и јавни обвинители, не е целта да се скријат поединци групирани претежно во Кривичниот суд и Апелациониот суд во Скопје, кои целосно се ставија во служба на дневната политика на Зоран Заев и Али Ахмети? Тие судии и обвинители тешко го извалкаа угледот на судството и обвинителството и не заслужуваат да ја носат судската и обвинителска тога. Тие се ставија во улога да бидат директни извршители на селективен прогон само на преставници и фунционери на предходната власт на ВМРО-ДПМНЕ, со брутални постапки и драконски казни.

Дали не е целта на Зоран Заев да се ослободи токму од судиите и обвинителите кои цел живот чесно и поштено ги извршуваат функциите и не сакаат да бидат негови слуги и да судат невини луѓе во монритирани судски случаи по негов налог?.

Судиите и обвинтелите знаат дека случаите на СЈО се наметнати, дилетантски и нестручно изработени. Тоа се политички и криминално монтирани случаи. Изјавата на обвинителката Вилма Русковска од 03.12.2019 година за Катица Јанева дека “обвинителството има несоборливи докази дека од алчност ја предаде довербата на народот, дека свесно и со умисла ѝ изнесувала детали од истрагата на самонаречената естрадна звезда Боки Јовановски што е спротивно на ЗКП”. “ Јанева ја предаде довербата на народот, не се посрамоти себе си, туку ги посрамоти сите обвинители. Жртви не се тие од кои се земени пари, жртви сме сите ние” навела Русковска во воведниот говор на рочиштето за Рекет.

Ова изјава на обвинителката Вилма Русковска ќе ги собори сите случаи на СЈО во Судот за човекови права во Стразбур. Врз основа на обвинение на криминална обвинителка-рекетерка неможе да се донесува пресуда и таква обвинителка од притворската ќелија неможе да распоредува предмети. Тоа е апсурд, имајки во предвид дека Законот за СЈО сеуште е на правна сила. Тоа прашање мораше да се реши со закон.

Да се почне со испитување на имотната состојба на Зоран Заев и неговото семејство

Никој не е против тоа да се испитува имотната состојба на секој функционер па и на судиите и обвинителите. Но, да се впери отровната стрела само спрема нив е злостор. Зошто Зоран Заев не бара да се испита имотната состојба на функционерите, а при тоа да се почне прво од него, да се испита како настана империјата на Заеви и колку го зголеми имотот во ова време, имотот на сите министри, директори, функционери, градоначалници… Зошто го впери прстот, како да му се трн во око, само спрема судиите и обвинителите?

Се жести Зоран Заев зошто застарувале предмети? Нека ја праша министерката Рената Десковска колку комисии основала за испитување на причините за одолговлекување на постапката и за застарување на предметите, согласно членот 83 став 2 од Законот за судовите од 2010 година и колку известувања доставиле претседателите на судовите за потешки повреди извршени од страна на судии, согласно членот 79 став 1 алинеа 5 од Законот за судовите, исто така од 2010 година, а не од 2019 година, како што се обидува да лаже минисретерката со метлата, која многу добро и прилега.

Зошто молчат судиите и обвинителите?

Судиите и обвинителите молчат, ама не забораваат. Молчат затоа што секојдневно се изложени на закани и притисоци. Инаку, судијата и обвинителот мора да бидат поотпорни на овие омаловажувања на кој се изложени и не треба да молчат. Молчат полтрони- претседатели на Судскиот совет, Советот на јавни обвинители, претседатели на Кривичниот и Апелациониот суд Скопје и некои други судови и Јавни обвинители. Настана една молчанија и газење врз достоинството на судијата и обвинителот. До каде тоа ќе ги доведе? Да не ги споменувам така наречените Здружение на судии и Задружение на јавни обвинители, чии претседатели се окупирани од своите лични кариеристички побуди и ништо не се прави за заштита на достоинството на судијата и обвинителот. Тие здруженија се претворија во привезок на власта и постојат само формално.

Додека се привршуваат овие редови, дојде веста за изјавата евроамбасадорот Самуел Жбогар, дека сега не е време за тоа што го бара Заев, со што му удри силна шлаканица. Но, и покрај тоа, Зоран Заев ги повикува министерствата и другите државни органи да рабортат на проверување на имотната состојба на судиите и јавните обинители. Ќе видиме каде ќе си ја “скрши главата”.

За диктаторот Зоран Заев не е доволно тоа што ја пороби и ја предаде Македонија. Се растури, и име на држава и историја и култура и традиција и идентитет, а сега ќе “разговара” за македонскиот јазик. Господ да чува и да брани.

На овој предавник и на ова ненародна власт ќе им пресуди народот на изборите на 12 април 2020 година. Народот ќе го избрка од власта овој диктатор и народот ќе му пресуди за предавничките и криминални дела.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.