Михајло Маневски
После донесување на пресудата на Врховниот суд на Македонија за случајот ТЕНК, веќе сè е сосема јасно. Судството во Македонија е тотално партиски блиндирано, подобро дури и од блиндираниот мерцедес.
Пресудата на Врховниот суд на Македонија од 18.09.2020 година со која барањата за вонредно преиспитување на правосилна пресуда поднесени од Никола Груевски, Гордана Јанкуловска и Гоко Поповски и нивните адвокати се одбиени како неосновани и се потврдени пресудите на Основниот и Апелациониот суд е кулминација на неправда и срам за судството во Македонија.
Каква корист прибавија осудените на 12 години затвор или каква штета нанесоа со набавка на блиндиран мерцедес за потребите на државата со кој уште се вози актуелното раководство и со кое скоро 5 години се возеа сите шефови на држави или влади што ја посетија Македонија од Европа и светот? Расипништво и злоупотреба на положбата е да се потрошат 8 милиони евра за набавка на луксузни возила од градоначалници арамбалши или за една вечер да се потрошат над 260 илјади евра за настап на вокалниот солист Дино Мерлин на плоштадот Македонија. Зошто не се преземаат никакви мерки?
Ако некој имаше илузија дека највисокиот суд во државата ќе дели правда и ќе примени закон, овој случај покажа дека и највисокиот суд е под партиски влијанија и спроведува партиска политика на актуелната власт, а не закон. Имаше некаква надеж дека Врховниот суд ќе оставне во рамките на правото и правдата, но за жал и највисокиот суд длабоко заглиби и подклекна на политички манипулации.
Со ова пресуда на Врховниот суд е изгубена секаква надеж дека во Македонија ќе владее правда и дека највисокиот суд ќе суди законито и непристрасно. На жалост, кога еден Врховен суд ќе донесе ваква незаконита срамна пресуда, каде граѓаните да ја бараат правдата?
После ова пресуда на Врховниот суд довербата во судскиот систем е падната на најниски гранки. Што и да прават обвинетите и нивната одбрана, за жал, сè е бадијала, бидејки одлуките се однапред донесени. Ова не звучин охрабруваки, но после овој слуаај нема никака недеж за правда. Со месеци и со години се малтретираат невини луѓе по судниците да ја докажат невиноста, но се е залудно, кога суд што ги суди прифаќа дури 24 предлози за докази на јавниот обвинител, а не прифаќа ниту еден предлог за доказ на одбраната! Ова е апсурдно.
Сè што се говори за ред, правда и дисциплина е само една голема лага. Ништо што се говори за владеење на правото и реформи во судството нема реална основа. Повеќе стотици обвинети со години во судниците лично и преку нивните адвокати се борат за правда да ја докажат својата невиност по поднесените монтирани обвиненијач, сите редум од предходната политичка гарнитура на власт и селективно само од ВМРО-ДПМНЕ, но не и функционери од ДУИ, како тие да не ја вршеа власта и како тие да се амнестирани од одговорност.
Фаик Арслани повеќе од една година в.д. Претседател на Врховниот суд
Со Одлука на Судскиот совет на Македонија бр.02-1454/1 од 11-ти септрември 2019 година, судијата ФАИК АРСЛАНИ е избран да врши должност Претседател на Врховниот суд на Македонија. За вршител на должнодста е избран на истата седница на која е разрешен поранешниот претседател Јово Вангеловски. Определување на вршител на должноста е времено решение со цел да се надмине период до избор на претседател на судот, во случаи што ги пропишува законот, како што се оставка на претседателот на судот, ако е разрешен од должноста, како што е во случајот, или ако ја изгуби работната способност. Тоа е неопходен времен период за да може да се објави оглас и во постапка пропишана со закон да се изврши избор на претседател на судот.
Сега е многу јасна стратегијата на Зоран Заев и Али Ахмети, вршителот на должност претседател на Врховниот суд Фаик Арслани да остане да ја врши таа функција како проверена личност и како гаранција дека ќе биде спроведена партиската директива во Врховниот суд. Многу е јасно и зошто не се вршел избор на претседател на Врховниот суд и зошто е разрешен предходниот претседател. Затоа, Фаик Арслани ќе остане в.д. претседател на Врховниот суд уште долго време.
Иако определување вршител на должноста е само краткотрајно времено решение, Фаик Арслани, судија на Врховниот суд, и после повеќе од една година и натаму ја врши функцијата Претседател на Врховниот суд на Макдедонија. На тој начин временото вршење на должноста се претвари во трајно, со што грубо се прекршуваат Законот за судовите и Законот за судскиот совет на Македонија.
Зошто не се врши избор на претседател на Врховниот суд?
Според член 41 став 2 од Законот за судовите, изборот односно разрешувањето на судиите и претседателите на судовите, Судскиот совет на Македонија го објавува во Службен весник во рок од 15 дена од денот на разрешувањето. И покрај ваква императивна одредба во Законот за судовите, претсдеателот на Судскиот совет Киро Здравев ова прашање не го поставил на дневен ред на Советот за донесување на Одлука за објавување на оглас за избор на претседател на Врховниот суд.
Зошто за повеќе од една година, ниту еднаш не е објавен оглас за избор на претседател на Врховниот суд? Зошто смислено толку долго време не се врши избор на претседател на највисокиот суд во државата? Во овој временски период се објавувани повеќе огласи за избор на судии и претседатели а судови, но повеќе од една година, ниту еднаш не е објавен оглас за избор на Претседател на Врховниот суд? Што се чека и каква е целта?
Целосна доминација на Зоран Заев и Али Ахмети во Врховниот суд
Одолговлекување на постапката за избор на Претседател на Врховниот суд на Македонија е од политички, а не од законски причини. Тоа е сосема очигледно на овој начин да се “освои” Врховниот суд. Целта на коалиционите партнери СДСМ и ДУИ е сосема јасна, да се обезбеди партиска доминација во Врховниот суд и да се стави во служба на политиката. Им пречеше поранешниот претседател на Врховниот суд Јово Вангеловски, поради што се тргна во хајка тој да се разреши без законска основа, а покрај него се разрешени и дваица судии на Врховниот суд Рахилка Стојковска и Ристо Катавеновски. Други членови на советот не се разрешени. Разрешени се поради тоа што учествувале во совет на Врховниот суд кој донел одлука Сеад Кочан да се брани од слобода. Тоа е целата кривица.
На овој начин Зоран Заев и Али Ахмети се “oслободија” од претседателот Вангеловски, го наместија Фаик Арслани за в.д. Претседател на највисокиот суд и незаконски го држат повеќе од година дена. Не се прави ниту обид да се избере претседател, а како стојат работите нема да се избере уште долго време.
На коалицијата на власт на СДСМ и ДУИ им е потребна целосна доминација во Врховниот суд со цел да ги “решат” сите случаи за кои во последна инстанца по барање за вонредно преиспитување на правосилна пресуда одлучува Врховниот суд. Тоа се случаите на поранешното рекетарско корумпирано СЈО по поднените монтирани обвиненија од само против поранашни функционери на ВМРО-ДПМНЕ, за кои е веќе соопштено дека до новата година ќе бидат завршени со пресуда, случаите по покренати обвиненитја од Обвинителството за организиран криминал и корупција со кое раководи учесничката на шарената револуција Вилма Русковска за настаните во Собранието од 27-ми април за непостоечко кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок, за кое дело на 16 лица се изречени драконски казни од над 210 години и вториот случај за наводните организатори на тие случувања, кој е во фаза на пресудување и пред донесување на пресуда.
На преден план се ставаат само случаите против функционери на ВМРО. Други случаи не се споменуваат. Не се споменува случајот Маѓар Телеком кој не се пресудува десет години и се чека ли да застари, иако Окружнниот суд во Њујорк со пресуда утврди дека на раководни лица од ДУИ им се исплатени над 4,5 милионои евра.
Владеење со сила, терор, уцени и несновано кривично гонење
Коалцијаа на власт на СДСМ и ДУИ владее со сила и застрашување, со судење на невини луѓе во монттирани случаи за непостоечки најтешки кривични дела. Со јавни закани Зоран Заев покори некои судии и обвинители слепо да му служат, да обвинуваат и да судат на драконски казни невини луѓе. Покори и цели институции ставајки на чело партиски послушници на кои им се диктираат пресудите и обвиненитата и кои покорно му служат. Типични пример за тоа се претседателот и некои судии на Кривичниот суд Скопје, Јавниот обвинител на Македонија, Јавниот обвинител на обвинителството за гонење на организуиран криминал и корупција Вилма Русковска и поранешни обинители од рекетарското СЈО. Сè е ставено во калап. На најголемиот полтрон претседател на Судскиот Совет Киро Здравев, најважно му беше синот да го запише во Академијата на судии и обвинители!. Смизерија, до мизерија.
Најголемиот реваншист и злосторител Зоран Заев, загушен од мафијашкиот рај на галопирачка корупција, криминални тендери, трговија со дрогаи луѓе, перење пари, корумпирани избори и кражба на изборите, распродажба на државните ресурси и растурени стотици милиони евра за изборни измами и подкуп, масовно дивеење во градежништвото со бесправни градби и среде Скопје, Охрид, Тетово, Струмица и други места и расипничко трошење на народните пари за луксуз, избезумено посегна по задоволување на најниските страсти на криминално гонење на сите поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ кои не успеа да ги покори да го рушат Уставот и да го менуваат името на државата и на тотално рушење на македонската држава. Целата власт ја темели само врз гонење на овие невини луѓе веќе 5 години.
Сè што се говори за ред, правда и дисциплина е само една голема лага. Ништо што се говори за владеење на правото и реформи во судството нема реална основа. Повеќе стотици обвинети со години во судниците лично и преку нивните адвокати се борат за правда да ја докажат својата невиност по поднесените монтирани обвиненијач, сите редум од предходната политичка гарнитура на власт и селективно само од ВМРО-ДПМНЕ, но не и функционери од ДУИ, како тие да не ја вршеа власта и како тие да се амнестирани од одговорност.
Судијата на Врховниот суд Џемаили Саити е претседател на Здружението на судиите на Македонија веќе 5 годони (по втор пат избран), но тој е и член на кривичен совет на Врховниот суд кој одлучува по барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда. Тој е вратен од студиско патување во САД за да се донесе одлука за укинување на притворот на обвинетите за овој случај, затоа што “заборавиле” да одлучат за притворот кога ги укинале пресудите. Зошто тие судии што ги укинаа пресудите за случајот “монструм” и не одлучија за притворот не се земени на одговорност, туку судијата е вратен од САД, да се донесе одлука за укинување на притворот?
После ова пресуда на Врховниот суд довербата во судскиот систем е падната на најниски гранки. Што и да прават обвинетите и нивната одбрана, за жал, сè е бадијала, бидејки одлуките се однапред донесени. Ова не звучин охрабруваки, но после овој слуаај нема никака недеж за правда. Со месеци и со години се малтретираат невини луѓе по судниците да ја докажат невиноста, но се е залудно, кога суд што ги суди прифаќа дури 24 предлози за докази на јавниот обвинител, а не прифаќа ниту еден предлог за доказ на одбраната! Ова е апсурдно.
Налогот на коалиција на власт е сите обвинети во случаите на поранешното СЈО и случаите од 27-ми април да завршат со осудителна пресуда и со драконски казни, независно од тоа дали има или нема кривично дело. Тоа целосно е обезбедено од Основниот до Врховниот суд. Новиот стажант на Сорос министерот за правда Бојан Маричич јавно се заканува дека нема да се “спречат правдата и да се прикријат злоделата од режимот на Груевски”. Овој соросов официрски стажант одма пресуди и ја прочита пресудата за “злоделата на режимот”. Каква правда може да очекувате после вакви јавни закани на еден залутан министер за правда?.
Во држава претворена во мафијашки рај, само така може да владее, до кога?
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.