Ламбе Арнаудов

Почитуван претседател на ВМРО-ДПМНЕ г-дин Христијан Мицкоски, уважени носители на функции во партијата, членови и симпатизери, во пресрет на големиот празник 23 октомври наместо честитка упатувам Благодарност.

Благодарност што потврдивте дека сé што прави ВМРО сé е трајно. Само трајните нешта создаваат вечни вредности како што е Македонија, татковина на сите македонски граѓани.
Благодарност за, до степен на перфекционизам изграденото управување со времето, дополнето со апостолска мудрост, истрајност на светците и лојалност на мачениците, ја сочувавте нашата татковина, а во наредниот период убеден сум дека и ќе ја обновите.

Благодарност, зошто не дозволивте идеализираната љубов кон татковината и македонскиот народ не ја изедначивте со просечност. Јасно и прецизно го одвоивте чувството на патриотизам како вродено во нашите срца и наследено од нашите предци во замена за материјални добра кои се техничка обврска на секоја избрана Влада.

Благодарност за разобличувањето на сите искажани лаги од страна на власта во изминатите 3 години, бидејќи само една лага ги уништува сите вистини. На вистински начин го сопревте отровниот, уништувачки, фатален и студен здив што го труеше духот на македонскиот граѓанин, со што не само невозможното туку и она наједноставното лесно спроведливо нешто, нé парализираше и нé правеше немоќни да се спротиставиме. Со ова ги срушивте сите стереотипи на толкувањето на егзистенцијализмот, неговиот почеток и насоки на движење. Докажавте дека вистинскиот егзистенцијализам почнува од државата преку народот до поединецот. Вака го оспособивте македонскиот народ на сите сплетки, интриги, корупција, лаги и криминали, да се спротистави со ред, поредок, правда, демократија и љубов кон татковината.

Благодарност што желбите на нашите срца ги претворивте во разумни одлуки, искажаната смисла стана факт, а духовноста на Македонецот ја издигнавте во научна вистина.
Сега сите ја разбраа разурнувачката ерупција на уништувањето на државата од непрокопсаните синови, предавници кои наместо вратоврски како симбол на успешна и сериозна дипломатија врзуваа околу своите дебели и масни вратови бебешки лигавчиња.

Ама нека им е! Предавникот трипати одговара за своите недела. Еднаш пред тие што ги предал, вторпат пред оние на кои им се става на располагање, за на крај да одговара и пред Господа. Ова го видовме деновиве.

Благодарност што го убедивте македонскиот граѓанин дека среќата е колективно чувство. Само во заедница на среќни луѓе чесните индивидуалци ќе го почувствуваат благотворното и исцелително дејство и на нашите души и на нашите тела.

Благодарност вечна кон историското ВМРО и ВМРО-ДПМНЕ за беспрекорната функционалност во различни времиња. Беше на највисок степен на одговорност кога со огромни жртви, одрекувања и масовни прогони го баравме нашиот егзистенцијализам, за правилно практикување кога го стекнавме, и за жал сега кога го браниме. Ги положивте сите испити, не со чиста 10ка, туку со 12ка.

Минливото минува, трајното останува!
За многу години ВМРО.
За многу години ВМРО-ДПМНЕ.
За многу години МАКЕДОНИЈА.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.