Д-р Кирил Лазов
Рекоа и викаат дека ситуацијата е под контрола, но како и за се до сега повторно лажат.
За несреќа на сите нас деновиве имаме загрижувачки факти во однос на бројките на новозаразени и починати од коронавирусот.
Но ниту министерот за здравство, ниту некој од Комисијата за заразни болести немаат одговор и остануваат без образложение на прашањето: „На што се должи зголемениот број на заболени од коронавирусот и зошто имаме највисока стапка на смртност предизвикана од вирусот Ковид-19? “
За жал никој од надлежните нема доблест,а ниту чувствуа одговорност да објасни зошто народот се залажува и зошто сега „ситуацијата е под контрола“ , а ги имаме истите бројки како кога ситуацијата водеше кон пик.
За две недели во Македонија има 22 жртви и 335 новозаразени, а власта упорно тврди и не уверува дека состојбата е под контрола. И покрај сите манипулации со тестирањата, поразителните бројки не може да се сокријат.
Додека сите држави бележат драстично намалување на бројките на новозаразени ние добивме тажна титула за статистиките: „Македонија – Италија на Балканот“, а тоа најдобро укажува колклу ситуацијата е навистина под контрола.
И тука се отвора дилемата дека има нешто труло и расипано во нашиот систем!
Дури и политички неписмесмен човек јасно може да согледа дека Комисијата за заразни болести е под политички инструирана опсада од владејачката партија само заради собирање на ситни маркетинг поени и евтин политички театар поради покривање на сопствената немоќ и неспособноста на власта.
На овој начин комисијата дејствува како партиска испостава под директива на лидерот на СДСМ, Зоран Заев и министерот за здравство д-р Венко Филипче.
После толку недоречености, неспособност во справувањето, аматеризам и одработување за своите налогодавачи време е да се смени Комисијата.
Време е за стручни,партиски неискомпромитирани и посветени луѓе кои своето знаење и искуство ќе го стават во насока на справување со проблемот и решавање на истиот до конечно намалување на бројот на новозаразени од коронавирусот.
Факт е дека оваа Комисија нема повеќе кредибилитет и капацитет во истиот состав и понатаму да функционира. Аргумент повеќе е што еден од членовите се наоѓа на листа за пратеници на СДС и тенденциозно си одработува партиска агенда и предизборна кампања.
А голем дел од членовите се послушници и доушници на Заев и Филипче.
Голем дел од членовите на Комисијата за зарзни болести кои работат исклучиво по партиска директива потребно е да сносат одговорност и сами да дадат оставка или побараат разрешување поради заблудите кои ни ги прават со нивното партиско слугување и досегашното штетно дејствување на товар на граѓаните, пред се врз менталното здравје.
Доста е со нивниот партиски експертизам, политички волунтаризам и сервилност. Насоката во која дејствуваат го руши нивниот личен и професионален кредибилитет. Затоа најитно е потребно избор на нови членови на Комисијата за заразни болести.
А до тој момент секако ни недостасуваат аплаузите за Венко Филипче, за контролата над ситуацијата.
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.