Ламбе Арнаудов
Во време на Втората светска војна, кога низ Европа дивееше нацистичката идеологија, во една мала држава со голем човек крал КРИСТИЈАН Десетти, се случи настан кој за тоа време на апсолутна доминација на фашизмот беше незамислив, но истиот беше и првата ластовичка која навестуваше сигурен пад на тоа зло што го погоди светот.
Имено, кога Хитлер побара од суверенот на Кралството Данска, Кристијан Десетти да ги предаде Евреите и овозможи депортација во логорите на смртта, храбриот и решителен крал стави на раката жолта трака со Давидовата ѕвезда, на главата капа јармулка, излезе на прошетка низ Копенхаген придружувајќи се кон останатите Евреи, заедно со нив упатувајќи се на молитва во Синагогата при што ја изговори својата славна преблагородна реченица: „Јас сум првиот Евреин во Данска.“
После ова сите негови поданици не Евреи му се придружија и ги спасија Евреите од прогон за што Еврејскиот народ им изразил посебна благодарност на самиот влез во Меморијалниот комплекс на Холокаустот, мал чамец и весла врежани во еден камен да сведочат за век и веков, со кој пренеле илјадници сограѓани Евреи во неутрална Шведска и им ги спасиле животите.
Денес, во Македонија имаме верна реплика од тоа црно време, каде што еден храбар, енергичен, праведен патриот со исто така славно име Христијан, кој е цел на срамна политичка ликвидација на самопрогласената “ариевска“ елита од денешното одродено раководство на СДСМ предводена од канибалист (човекојадец) и неговиот најистурен шеф на најмрачната пропагадна машина, досега невидена на овие простори, сдсм-овскиот Геблс, кој постојано го убива, заразува од ковид, го пали, го самозапакува и го фрла од авион.
Во ова мрачно време на стравовладение, лигава понизност, не ме чуди молкот од дежурните бранители на етиката, моралот и вечни осудувачи на говорот на омраза, од судските институции, невладини организации, здруженија на новинари, меѓународни претставници, писатели, академци, интелектуалци и слаткоречивите претставници на религиозните организации, наставнички и професорски кадар.
Меѓутоа, искрено непријатно сум изненаден од млитавата реакција на моите сопартијци, членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ и сите угледни луѓе и домаќини, воспитувачи на своите деца.
Почитувани мои вмровци, Христијан Мицкоски, ќе биде мирен, спокоен и ќе си го живееше својот идиличен семеен живот и ќе уживаше во предизвиците и плодовите на професијата како признат научник од никого не напаѓан ако не беше лидер на ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата во Македонија.
И, сега доаѓаме до главната поента на овој антихристијански поход на личноста на еден човек дека тоа всушност е напад и врз мене, тебе, некој трет, сите кои сме загрижени за иднината на нашата татковина. Зарем мислиш ако молчиш ќе бидеш прескокнат, помилуван, поштеден или заборавен? НЕ! Се лажеш.
Ако на Христијан му посакуваат да го фрлат од авион зарем мислиш дека тебе ќе ти дадат падобран?
Ако на Христијан му забранат настап на национален медиум, што очекуваш ти да бидеш уредник?
Ако му посакуваат на Христијан да умре, тоа истото ти го посакуваат и тебе.
Ако Христијан гори – гориш и ти.
Ако Христијан посакуваат да биде заразен од КОВИД 19 – ти порачуваат дека ќе се среќни и ти да се инфицираш.
Ако за Христијан докажаните некрофили од СДСМ викаат дека е некрофил – за нив и ти си некрофил.
Ако Христијан го подјадуваат од внатре слуги нивни и предавници, истите те предаваат и тебе.
Ако Христијан е оркестрирано напаѓан од сите душмани на Македонија – тебе најлесно ќе те решат.
На крај, ако Христијан падне, ВМРО-ДПМНЕ се обезличува, Македонскиот народ исчезнува, Македонија не ќе постои – ТИ за нив не си ВАЖЕН.
Почитувани мои другари сопартијци, доаѓаме до клучното прашање на кое одговорот однапред се знае. Зошто сите евидентирани, потврдени и регистрирани непријатели на македонскиот народ и на Македонија се истовремено и најголемите непријатели и критичари на ликот и делото на Христијан Мицкоски?
Ќе се обидам да ви дадам одговор колку и тој да е суров. Злобата и омразата што ја чувствуваат кон нас, во политичка смисла, е рамна на онаа што ви ја опишав во првиот дел од колумнава, и само среќна околност е за нас што живееме во време многу похумано и ослободено таа мрачна идеологија. Инаку истото ќе нé снајдеше.
Сега финалното решение за нас ќе биде едно изолирано стадо кое ќе дава само за нив и ќе блее за своите маки. Ништо друго!
Почитувани ВМРОВЦИ!
Кога замолкнува надежта – ВМРО проговара, затоа ВМРОВЦИТЕ кои се изградени од посебно светол и не ‘рѓосувачки материјал разговараат, преговараат и договараат само со МАКЕДОНИЈА.
Христијан Мицкоски нема на неговата рака жолта трака со Давидова ѕвезда, нема капа јармулка, но затоа во душата му е македонскиот народ, во градите му бие срцето за Македонија, разумот му е посветен на светла иднина за сите македонски граѓани и визија за современа, исправена, демократска, европеизирана Македонија, членка на ЕУ, и затоа носи на себе за нас невидлива маица со 10 концентрични кругови од кои 3 и центарот се со црна боја за да биде лесно препознатлива целта како жртва за политичка ликвидација.
Време е и ние сите да облечеме иста таква маица дизајнирана од модните креатори на нарачателите, но сега дополнета од нас со Вмровски детали, црвено-црна трака, слика на нашиот лидер и натпис: „Сите сме Христијан.“
Ќе бидеме стотици илјади и ќе ги прашам дали ќе се дрзнат да го сотрат најголемиот дел од својот народ кој што не мисли како нив само за да дојдат до нивната посакувана цел Христијан.
Ние тоа ќе го направиме затоа што најсветиот епитет на ВМРО-ДПМНЕ – ПРЕТОРИЈАНСКА ГАРДА НА МАКЕДОНИЈА ќе почне набрзо да потемнува ако не го одбраниме ВМРО-ДПМНЕ и нашиот Лидер Христијан Мицкоски. Ние сите заедно сме непобедливи.
Тогаш ќе ги видам тие кукавички синови што ќе преземат и кај ќе се сокријат. Да се сокријат и во рогот на волот ќе ги најдеме.
Сакавте да нѐ нема, нѐ има стопати повеќе:
Сите сме Христијан!
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.