Ќе доделуваат К15 на вработените во јавната администрација!?! Истите, кои
стокмија предлог на закон за измена и дополна на законот за државни
службеници, со кој предвидуваа трансфер од јавниот во приватниот сектор,
сега доделуваат К15. Каква дрскост?! На „неспособните и неподобните“ сега
ќе им доделуваат К15, зашто не им стигна време да ги префрлат во
приватниот сектор. Со К15 ќе се обидат да им се „извинат“???
Срамно е се’ што досега не сработија, за сега, на два месеци пред избори, да
се прават загрижени и фатени за работа. Ако ова не е уште еден обид за
класичен предизборен поткуп, тогаш навистина не знам што беа
неоснованите покачувања на платите (мислам на тоа дека немаме
економски раст, а имаме покачени плати), бришењето на каматите за правни
и физички лица, преку 6.000 вработени лица за само два месеци итн, итн.
Оваа владеачка гарнитура имаше време од цели 31 месец да направи нешто,
за народот да се увери дека навистина беше за едно општество за сите и за
живот за сите. Цели 31 месец ги изарчија за празни фрази и ветувања и сега
им недостасувало време. Не. Време имаа. Им недостасуваше вистинска
акција. Не ја превзедоа. Удобно им беше да заседнат во своите кожни
функционерски фотелји, да се возат во службените автомобили, да јадат и
пијат по кафеани, да демонстрираат моќ и ароганција. Наспроти нив,
административците беа „наградувани“ со дисциплински и преместувања,
земјоделците ги истураа своите плодови по земја, пензионерите чекаа две
години на покачување на нивните пензии, докторите се’уште ги чекаат стоте
илјади плата (плата, а не дежурства), студентите копнееја за новиот
студентски град, учениците за реновирање на нивните училишта, за нови
спортски сали итн, итн.
Не’ вратија во времето кога нашите предци оделе со наведнати глави, кога се
плашеле да прозборат на македонски, кога дома седеле со заклучени врати
и изгаснати светла, кога се плашеле за безбедноста и иднината на своите
деца. Толку назад не’ вратија, а ветуваа живот и влез во ЕУ. Не видовме ниту
живот, ниту блиска иднина за влез во ЕУ. Без работа и вистински реформи
нема ништо од тоа. Сведоци сме дека не било само името проблемот.
Датумот не се добива без крупни реформи, без инвестирање во капитални проекти и инфраструктура, без силна економија, без чесни функционери, без млади иноватори и без реализација на ветувањата.
Ги гледам деновиве како се растрчале навака-натака и се чудам како не им е
срам. 11 години врескаа дека нема правда и нема мир, а за само три години
направија толку криминал и корупција, што, да работеа совесно и одговорно
институциите на системот, голем дел од тие врескачи ќе беа од другата
страна на правдата.
На два месеци пред избори креираат маратонски седници во Парламентот,
штанцаат закони по скратена постапка, туркаат седници на комисии со
брзина на светлината… Брзаат, а времето ги стигнува.
И, не само времето. Ќе ги стигне и правдата. Истата онаа за која „се бореа“ пред да дојдат на власт. Правда не донесоа. Напротив, уште поголема неправда. Нема да им помогне ни носење насила на закон за ЈО, ни одложување на распуштање на Парламентот, ни нови уцени, ни ЕУ, ни САД…
Нема помош ни од народот. Народот увиде за кратко време дека беше излажан и изманипулиран. Нови или стари ветувања, нови или стари лица,нови или стари програми…, нема помош. Единствен спас од овие манипулатори и неработници е 12 април 2020.
Дотогаш можат да организираат трибини, да се сликаат со насмеани лица и
стиснати тупаници, да бараат нова шанса за комплетна реализација на планот за живот, да бараат глас за повторно изигрување… Нека бараат, имаат време и право на тоа, но немаат кредибилитет и лице. Нив ги изгубија периодов, додека владееја и раскрчмувавте. Ги изгубија, зашто се занесоа во моќта на функциите.
И нека не ве плашат. Нека не ви се додворуваат. Нека не ве залажуваат. Имаа
можност од три години да ги покажат нивните намери. Видовме кои и какви им биле намерите. Времето на нивните намери е при крај.
Доаѓа ново време во Македонија, доаѓаат нови луѓе, подготвени исклучиво само за работа и за акција. Нема веќе простор и време во Македонија за губитници и лажговци. Изгуби доволно Македонија. Изгуби многу. Време е за работа, акција и обнова. Обнова на се’ што оваа власт руши.
Затоа, немојте да дозволите да ве заплашуваат или поткупуваат. Немојте да
дозволите да ви кажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ е виновна за се’. Немојте да
дозволите да ве убедуваат дека ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ (истите кои се’уште во нивните први редови ги имаат добро познатите и
„докажани’“ шеќеринска, заев, николовски, спасовски… ). Немојте да верувате на најголемите неработници и спијачи на државни перници.
ВМРО-ДПМНЕ е обновено, силно, сплотено и подготвено за уште една голема, најголема, победа на 12 април 2020. ВМРО-ДПМНЕ е партија која остана да им пркоси на сите неправди нанесени врз Македонија и македонскиот народ. ВМРО-ДПМНЕ ќе работи за тој народ и за Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ ќе докаже дека единственото зло што и’ се случи на Македонија е владеачката гарнитура на сдс изминативе три години. Без победа добија власт, без работа добија милиони во нивните џебови и без срам пробуваат повторно да манипулираат.
Македонија била и ќе биде. Нека не бидат веќе лажните политичари и
лажните патриоти. Оној кој си ја сака Македонија, тој ќе работи за нејзиниот
напредок и иднина, а не за свое богатење и туѓа сиромаштија. Македонија ќе
ја биде, зашто се’уште во неа живеат искрени и чесни луѓе. Македонија мора
да ја биде, затоа што тоа го заслужува и затоа што тоа и’ го должиме.
Помина времето кога поединци прашуваа: „Што направи Македонија за
мене?“. Сега доаѓа времето кога секој вистински патриот ќе праша: „Што
треба јас да направам за Македонија?“.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.