Михајло Маневски
За консултантски услуги Петре Шилегов од Адвокатско друштво “Шилегов и партнери” за 6 години примил надоместок од над 3.500.000 денари
Законот за спречување на корупцијата и спречување судирот на интереси забранува избрани или именувани лица вршат други дејности за остварување на профит. Во членот 44 од Законот целосно се уредуваат забраните за вршење на други дејности. Градоначалник или носител на јавна функција не може да врши друга дејност и да остваува профит или да дава консултантски или други услуги за надоместок.
Според членот 44 став 1 од Законот, избрано или именувано лице за време на траењето на неговиот мандат е должно да ги почитува правилата за неспоивост на функцијата која ја врши со други функции или дејности утврдени во Уставот и законите. Според ставот 6 на овој член, службено лице може да остварува приходи од научни, наставни, културни, уметнички и спортски активности и приходи од авторски, патентни и слични права, интелектуална и индустриска сопственост, освен ако со закон не е поинаку определено.
Во членот 45 се уредува прашањето за неспоивост на функциите, Имено, според ставот 1 на овој член, лице кое стапува на функција на избрано или именувано лице, со исклучок на лицата кои стапуваат на функција која не се извршува професионално, доколку управува со трговско друштво или установа како сопственик, e должно пред да стапи на функцијата управувањето да му го довери на друго лице или тело, освен на членови на неговото семејство, за времето на вршењето на функцијата, јавните овластувања или должности.
Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов од 2017 години ја врши ова функција, а пред тоа на два пати бил избиран за пратеник во Собранието на Македонија во 2014 и во 2016 година. Пред да биде избран за пратеник во Собранието, вршел адвокатска дејност во неговото Адвокатското друштво “Шилегов и партнери”. Со оглед на неспоивоста на вршењето на јавна функцијата пратеник и обавување на адвокатска дејност, во 2015 година од страна на Државната комисија за спречување на корупцијата со писмо 09-401/9 од 15.07.2015 година му било укажано на судирот на интереси и од него било побарано да се откаже од управител на Адвокатското друштво.
И покрај тие укажувања, судирот на интереси не е одстранет и не престанал.
Шилегов консултатнт на сопствената фирма
Петре Шилегов покрај тоа што обавувал јавна функција пратеник и веќе 3 години е градоначалник на град Скопје, истовремено спротивно на закон окулу 6 години врши и друга профитна дејност. Имено, Шилегов во 2014 година склучил договор за давање на консултантски услуги на сопствената фирма “Шилегов и Партнери” за месечен паричен надоместок по 50.000 денари (820 евра). За овие години од сопствената фирма “Шилегов и Партнери” градоначалникот Шилегов наплатил околу 3.500.000 денари или скоро 60.000 €.
Колку ова да изгледа чудно, целосно е вистинито и со ништо не се оспорува, бидејки тоа сосема јазно е наведено во неговиот анкетен лист што го доставил до Државната комисија за спречување на корупцијата, од кој се прикажува еден дел.
Од прикажаниот дел од Анкетниот лист, кој целосно може да се види на ВЕБ страницата на ДКСК, јасно се гледа дека под графата “други приходи” – “личен имот“ прикажал приход од “надомест за консултативни услуги” по 50.000,00 денари месечно. Во анкетниот лист не е пополнета графата на кого дава консултантски услуги.
На 46 седница на Советот на град Скопје за поставување советнички пршања одржана на 26 декември 2019 година, Петре Шилегов лично потврдува дека цитирам: “ Единствениот договор што го имам склучено за консултантски услуги е со Адвокаткото друштво “Шилегов и Партнери” чиј сопственик сум јас. И тој договор е активен од 2014 година, кога станав пратеник и е на износ од 700-тини евра во денарска противрденост кој месечно го прима. Друг договор за консултантски услуги со физичко или правно лице нема“.
Спрема тоа воопште не е спорно дека градоначалникот Петре Шилегов врши консултантски услуги на неговата фирма и за тоа добива месечен нместок, што е спротивно на Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси.
Класичен судир на интереси со злоупотреба на положбата
Судирот на интереси се повеќе станува катализатор на вршење на организиран криминал и корупција од големи размери со злоупотреба на функцијата во вршење на јавни овластувања. Се користат разни форми и облици, а многу често преку пружање на наводни консултантски услуги. Таков е случајот и со поранешниот директор на Фондот за здравствено осугурување, против кого се спроведува истрага.
Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов е во состојба на класичен судир на интереси со злоупотреба на положбата за остварување на имотна корист и перење пари. Консултант на сопствената фирма!? Шилегов му дава консултанстки услуги на Шилегов. Тоа го прави за надоместок од 50.000 денари месечно, и тоа повеќе години!? Кога Шилегов ги врши работите на давање консултантски услуги на неговата фирма, додека ја врши градоначалничката функција во просториите на градот, пред пладне, по пладне, навечер, ноќе …кога и какви консултативни услуги врши на сопствената фирма.? Во случајот, сè се сведува на голема дрскост на еден носител на така висока јавна функција.
Корупцијата и судирот на интереси во Република Македонија во овие години на владеење на ова корумпирана и предавничка власт се раширија како стоглава ламја.
Октопод владее со судбината на осиромашените граѓани. Се владее со корупција и со терор на тешки милионери и на семејни кланови, кои го опљачкаа и поробија народот. Не е случајно тоа што Република Македонија во перцепцијата на корупцијата од страна на Transparency Interenational во 2019 година е рангирана на срамно 106 место во друштво со некои африкански држави или островски рајски земји за перење пари и Оф Шор компании.
Надлежниот јавен обвинител и Државната комисија за спречување на корупцијата се должни да се борат против корупцијата и судирот на интереси со злоупотреба на положбата за остварување на незаконска имотна корист, богатење и перење пари.
Тие се должни да ја извршат службената должност и во конкретниот случај да преземат законски мерки на казнено гонење за сторени тешки кривични дела.
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.