Михајло Маневски

Деспотот Зоран Заев удри по државната химна

За предавниците на ова ненародна власт на Зоран Заев и врхушката окулу него ништо не е свето. Бришат се пред себе. Го избришаа светото име на Македонија и од неа направија некаква вештачка творба Македонија. Се откажаа од македонците. Го избришаа идентитетот, историјата, културата, фолклорот и традицијата на македонскиот народ. Газат по коските на илинденците, на комитите и партизаните и немаат никаква почит за страдањата и судбината на овој намачен македонскиот народ во пеколната борба за создавање на своја самостојна држава, за која се положени огромни жртви.

И сега, овие властодршци се најдоа сето тоа да го сотрат. Да сотрат се што е македонско. Да ги сотрат дејците на македонската кауза и великаните на македонската револуционерна борба. За нив не е света ниту државната химна, симбол на државноста на Македонија.

Арогантната Тамара Тодевска фрли бомба повторно да се убијат Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански. Таа од химната ги исфтрли овие наши великани. Го исфрли костурот на дражавната химна напишана во виорот на борбата за ослободување на Македонија од окупаторите во 1941 година по текст на Владо Малески и музика на Тодор Скаловски. Ја пееле партизаните, ја пееле борците за слобода, ја пеел измачениот македонски народ и со таа песна ги кинеле ропските пранги и гинеле за слободна Македонија. Таа песна стана симбол на нашиот непокор и е наша химна веќе 75 години.

Денес после 75 години се прави невиден удар на симболот на државноста на Македонија. Се сквернави химната и се прави обвид сето тоа да се прикрие и да се претстави како “грешка”. Прва во одбрана на “грешката” излезе Владата и самиот Зоран Заев. Зоран Заев се извинува и Тамара се извинува дека направила ненамерна грешка. Тамара Тодевска е професионален пеач и не е дете од десет години кое на школска приредба го заборавило текстот на песната. Како баш ги заборави Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански? Како не заборави некој друг стих од химната? На кого сега сака да му ги мачка очите?

Ова што го направи Тамара Тодевска со сквернавење на химната не е грешка, ниту може да биде грешка. Од една долгогодишна професионална пеачка не може да се очекува да направи таква грешка и тоа баш при интонирање на државната химна во двориштето на странска амбасада. Ова е смислено направено и во позадина на сето тоа стојат само политички причини.

Тамара Тодевска јавно ја изложи на подбив и исмејување химната на Република Македонија, со што стори кривично дело Повреда на угледот на Република Македонија од член 178 од Кривичниот законик.

Ќе ја изврши ли функцијата на гонење јавниот обвинител? Иако изминаа неколку дена од грубото јавно изложување на подбив и сквернавење на државната химна, не се огласи ниту Министерството за внатрешни работи, а не се огласи ниту јавниот обвинител, кој е должен да преземе законски мерки. Што се чека? Ќе се повтори ли, по којзнае кој пат она народната – сето чудо за три дена и после се по старо.

Законот за химната и Законот за употреба на грбот, знамето и химната масовно се кршат без никаква одговорност

Со грбот, знамето и химната се претставува Република Македонија и се изразува припадноста на Република Македонија. Грбот, знамето и химната мора да се употребуваат на начин со кој не се нарушува угледот и достоинството на Република Македонија.

Законот за химната и Законот за грбот, знамето и химната масовно се кршат и не се почитуваат како симболи на државноста на Македонија, но досега никој не одговарал за тоа. Не се интонира химна при посета на странски државник, на свечени собири се пее химна на странска држава, а не македонската химна, се вејат знамиња на странска држава на високи јарболи со огромни димензии, без знамето на Македонија. Масовно се крши членот 17 од Законот со тоа што се истакнува знаме во единици на локалната самоуправа, а знамето на Република Македонија не се истакнува на прво место од левата страна оддалечено два метри и повисоко за еден метар, со поголема димензија од знамето на единицата на локалната самоуправа или од други знамиња.

Иако се предвидекни прекршоочни и казнени одредби и е предвидна кривична одговорноет за повреда на државните симболи, тие одредби се само мртво слово на хартија. Државните симболи масовно се девалвираат и изложуваат на подбив и грубо непочитување, со што се врши директен удар на државноста на Македонија.

Ако со извинување се сузбиваше корупцијата, досега ќе ја снемаше

Не е чудно што во државата толку многу криминални афери на власта и толку многу “грешки” се оправдуваат со секојдневни извинувања. Извинувањето се користи како параван за избегнување на казнената и политичката одговорност.

Главен “извинувач” е деспотот Зоран Заев. Покрај тоа, тој е главен обвинител, врховен судија и бранител истовремено. Тој обвинува, брани и пресудува. Кај Драги Рашковски заглибен во криминален тендер на М-НАВ, Заев не гледа ароганција и немал да преземе ништо за сомневањата за тежок криминал. Не гледал ароганција кај човек што се извинува до небо и пресудува дека треба медуиумски осврт, но умерено, да не се прави салата од него или боксерска вреќа. Зоран Заев се извинува на Италија, која Драги Рашковски ја нарекол “ебиветер”, се извинува на ромите кои ги нарекол “цигани”, ја брани Тамара Тодевска дека направила ненамерна грешка за кој се извинила, не презема ништо против градоначалникот на Шуто Оризари Курто Дудуш, за малтретирање и изживување врз човек во неговата канцеларија. Со кое право Зоран Заев пресудува за сите скандали и сите ги оправдува?

Извинувањето длабоко навлезе во политиката

Извинувањето длабоко навлезе во политиката. Македонија само се извинува, но нас никој не ни се извинил!. Никој не и се извинил на Македонија за ропството, тиранијата, голготата и страдањата на македонскиот народ. Зоран Заев им се извини на „пријателите и браќата“ Бугари, за изјавата што ја дал на МТВ дека Илинденското востание е македонско. А чие е илинденското востание? Зошто извинување?

Сегашниот станар во вилата Водно Стево Пендаровски, како претседател на државата се стави во улога на врвен историчар и без око да му трепне, изјави дека Гоце Делчев бил блгарин, кој се борел за Македонија. Алал му вера на овој бесрамник! Кога еден долгогодишен советник изнедрен во преградките на полицијата стигна да го проучи револуционерното дело на нашиот великан Гоце Делчев, кој оставил аманет коските да му почиваат во независна Македонија. Од каде овој вистински фикус црпи надлежност да дава такви изјави? Зошто се меша во работата на Комисијата основана во врска со спроведувањето на договорот за добрососедство и поријателство, која уште не ја завршила работата? Ги стави под нозе сите историчари и што е најтрагично, ги стави под нозе сите историските факти. Тој ја злоупотреби положбата и ги пречекори овластувањата со противзаконито вршење влијание на работата на Комсијата, баш во екот на расправата токму за ова тема. Тој го прејудицира решението. Така е кога јазикот му е побрз од мозокот.

Нема македонски револуционери, нема македонски великани, нема Илинденски дејци, нема македонски војводи и комити, има само македонски жртви. Ете тоа сакаат да го избришат од меморијата на македонскиот народ и да го направат дрво без корен, обична аморфна маса. Со ова изјава, овој фикус во вилата Водно засекогаш ја загуби довербата, почитта и кредибилитетот кај македонскиот народ. Македонскиот народ тоа никогаш нема да му го заборави и да му прости.

И сега, има ли уште некој што ќе поверува дека Тамара Тодевска случајно по грешка го изоставила стихот од химната “Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански”. Многу случајности и многу извинувања, многу криминални скандали, но народот неможе да се измами со никави извинувања.

Криминалот и корупцијата имаат само една адреса, а тоа е адресата на Јавниот обвинител. Тој е должен согласно основниот принцип на легалитет да ги гони сторителите на кривични дела. Тоа е неговата основна функција. Се додека Зоран Заев е врховен судија и главен обвинител, спречувањето на корупцијата од која се гушат граѓаните и рекет на високо ниво, состојбата нема ништо да се подобри.

Никој не може да се надева дека ова може да се скрие од граѓаните. Европскиот пат ни е попречен токму од галопирачката корупција и организираниот криминал. Нема политичка воља за гонење на корупцијата и криминалот на власта. Ова ненародна власт не презема никави мерки за спречување на корупцијата и криминалот. Тоа е причината за попречениот пат кон Европа и од Европа тоа неможе да се скрие. Затоа ова ненародна корумпирана власт треба што побргу да си замине од власта.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.