Никола Србов

Силното пријателство, соработката и почитта, помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ФИДЕС вчера беа потврдени на средбата во Будимпешта на која претседателот и потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ се сретнаа со унгарскиот премиер Виктор Орбан. Самата средба, која беше дури и на повисоко ниво од оние на официјалните државни делегации, и заклучоците од истата ветуваат стабилна европска перспектива и иднина за Македонија на чело со ВМРО ДПМНЕ.

Виктор Орбан моментално важи за еден од најмоќните политичари во Европската Унија со огромно влијание во Европската народна партија во која членки се и ФИДЕС и ВМРО ДПМНЕ. И покрај забелешките за катастрофалната политика која ја водат македонските власти, криминалот, корупцијата и непотизмот, кои веќе им се познати на европските лидери, повторно ВМРО ДПМНЕ е партијата која директно се зазема и лобира за македонските евроинтеграции кај европските лидери.

Постојат неколку суштински разлики.

Денеска ЕПП е мнозинство во Европскиот парламент и мнозинството владеачки структури во земјите членки се составени од десничарски партии, сетоа ова значи плус за Македонија и нејзините граѓани преку блиската соработка и партнерството кое ВМРО ДПМНЕ го негува со европските челници. Од друга страна, Социјалдемократскиот сојуз сите свои линкови кои ги имаше во Европската Унија ги употреби за лични партиски придобивки и истите ги уништи.

Целиот процес на евроинтеграциите СДСМ го гледаше низ призма на задржување на власт со лажно претставување надвор од границите и непреземање на ништо суштинско во државата. Но не е сфатливо како веруваат дека таква некоја петпарачка политика би имала успех, барем за нивното одржување на власт. Од друга страна ВМРО ДПМНЕ и покрај сите забалешки за криминогеноста на власта се обидува да издејствува Македонија да ги продолжи евроинтеграциите со забрзано темпо бидејќи од тоа зависи квалитетот на живот на граѓаните.

Оваа суштинска разлика народот одамна ја воочи и затоа ќе заминат од власт побрзо од сите предвидувања.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.