Алдо Климан

Поради интересот на јавноста го донесуваме ова второ издание на Димитров-Заевскиот Преспански С.трип(ер) во неколку велепредавнички сликички. Буквата С, се разбира, е кратенка од мртвородената придавка што неповратно си гние, како што пропаѓа сѐ што е насадено со гнил корен.

Македонски народе, еве ја славната формула на Зоран Заев како се „создава историја”!

Ако некој сеуште не верува дека навистина има сеништа, С.трип(ер) политиката на велепредавникот Зоран Заев ни даде вистински и непобитни научни докази, фотографирајќи се во Нивици за својот „големоријателски” албум со безобѕирните, мрачни, грабежливи сеништа и црни непријатели на Република Македонија. Знаевме дека ќе биде така, но многумина не веруваа, зашто змиите како и секогаш си ги криеја и нозете и расцепениот отровен јазик, но, ете, толку беше, зашто во политиката едноставно мандатите се потрошна стока, иако мора да се признае дека сите тие, на чело со заевската велепредавничка и големоалбанска братија, хистерично трчаа и се натпреваруваа кој побргу и на кој сѐ поподмолен начин ќе им нанесе поголемо зло и попогубни последици на нашиот народ и на нашата татковина.

А сега погледнете подолу, и уверете се и самите дека сеништата се апсолутно реални. Најнапред беа политички живојадни, агресивни, ни твитаа варварски идиотизми и закани, нѐ навредуваа, нѐ понижуваа до болка, до солзи, вршеа невидено политичко насилство над нас и над нашата сакана татковина Македонија, а потоа еден по еден почнаа да исчезнуваат од сцената, и да преминуваат во метафизичкиот свет на безначајни политички мртовци. И сега си се таму. А тоа ги чека и сите останати што не се опфатени со овој „големоријателски” заевски албум.

А тоа одеше вака, по ред.

Прво примитивниот, сиот расквасен и подмолнен Коѕиас мораше да поднесе оставка по дебаклот на длабоко аморалниот и насилнички изведен референдум за прифаќање на Преспанскиот договор.

По него Нимиц, со дедовски петна на гробарските раце, си отиде во политичка пензија, уверен дека поништувањето на македонската држава и невидениот етноцид над македонскиот народ е врв на неговата политичка кариера.

Па потоа парламентарните избори во ЕУ ги избришаа бедните ултра-бирократски агресивни мивки, подмолни празни луѓе,  Федерика Могерини и Јоханес Хан.

Најпосле ултра-расипаниот лажен baby-face Данаец Ципрас си даде оставка заради целосното фијаско на ЕУ-изборите.

Да, да, бевме будали, и не верувавме дека има такви мрачни сеништа, и ете што ни се случи!

Но сепак, гледајќи ги сликите подолу, лесно ќе заклучите дека тие уште тогаш беа само бедни сеништа, вклучувајќи ги и овие двајца најмизерни светски велепредавници и политички криминалци, Димитров и Заев, кои и денес сеуште расипано и цинично ни се смеат в лице од изборните плакати.

Па зарем за нив и за оној куп ѓубриња што дивјачки ја газеа Македонија се даваше нашето славно дедовско име, нашето историско минато, нашето човечко достоинство и нашиот национален идентитет?!

Потпишување на велепредавничкиот Преспански договор.

Коѕиас аут!

По изборите за европарламентот и Ципрас аут! Останаа капитуланските ништожници Никола Димитров и Зоран Заев!

Нимиц, меѓународен гробар на Република Македонија, го потпишува етноцидниот Преспански договор.

Нимиц, Коѕиас и Ципрас аут! Останаа бедните капитулантски сеништа Никола Димитров и Зоран Заев!

Сеништата се заеб*ваат со вратоврската на кретенот!

О, сенеште живо, за тебе си ја давам и својата бедна велепредавничка душа!

Ете, македонски народе, сега ни остана само уште на 15 јули да им кажеме едно енергично, конечно и недвосмислено АУТ и на црните ништители на македонскиот народ и на македонската држава Зоран Заев и Никола Димитров, со сета нивна сурија збудалени без’рбетни зомбиња, и засекогаш да ги испратиме кај нивното метафизичко друштво мрачни сеништата што ја „создаваа” најужасната делница во историјата на Македонија.

Аут! Аут! Аут, гнасови, за сите времиња!

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.